петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Денеска (17:00 ч.) против Португалските кошаркарки

Победа над Португалија, полесен пат во Европа

Новите адути на Видоја Секуловски, поточно новите имиња се Ана Тантуровска и Ханка Муса, двете кошаркарки ги прескокнаа првите две средби

По две победи дојде моментот на вистина за нашите девојки. Португалија се вика најважната пречка која ќе мора да ја минеме, доколку сакаме многу полесно да стигнеме до Европа или поедноставно речено победа за нас во најмала рака значи зацврстување на втората позиција од табелата.

Нема да биде лесно за нашите девојки, особено по двата последни резултати (победата над Луксембург и Естонија) на Португалките, кои се покажаа како незгоден противник на гостински терен.

Со нови сили, но и со поинаков состав нашите девојки го пречекуваат составот на Португалија, кој за многу кратко време го презема епитетот фаворит.
Новите адути на Видоја Секуловски, поточно новите имиња се Ана Тантуровска и Ханка Муса, двете кошаркарки ги прескокнаа првите две средби. Имавме доволно време за подготовка, ни останува се да покажеме доле на теренот, кој е нашата најголема предност.

“Убедливата победа над Луксембург и претходно триумфот на гостувањето кај Естонија покажува дека Португалија е во добра форма. Станува збор за репрезентација која веќе заедно игра неколку циклуси што не е случај со нас. И покрај тоа нашата самодоверба е на високо ниво, а по подолго време конечно немаме проблем со повредите. Нашиот состав го засиливме со Тантуровска, која поради обврските со јуниорската репрезентација се приклучи подоцна. Сите сме свесни дека мечот за нас има големо значење, победата не носи на втората позиција од табелата, а за понатаму не би сакал да коментирам. Одиме чекор по чекор”, вели пред денешниот натпревар, селекторот Видоја Секуловски.
Да се надеваме дека нашите девојки ќе го почнат славењето, а сениорите кои исто така играат со најдобриот состав на Португалија ќе го завршат.
М. Ковачева

СЕНИОРКИТЕ СО АПЕЛ ДО ПОЗНАТИТЕ “ФЕМИЛИ”
Да дојдат во што поголем број

Салата “Јане Сандански” секогаш била полна, особено кога во неа се играле важни интернационални натпревари. Знаејќи како да се игра со поддршката на познатите “Фемили”, нашите сениорки упатија апел до нив да дојдат во што поголем број.
Со победата над Португалија нашите девојки ќе го направат најважниот чекор кон патот за Европа.
“Би сакал во името на девојките да упатам апел до 'фемили' да дојдат на денешниот натпревар. Нивната поддршка ќе биде од големо значење за нас бидејќи со победа ќе се зацврстиме сигурно на второ место. Покрај нив се надевам дека во салата ќе дојдат сите оние луѓе кои претходно ги следеа натпреварите на женскиот национален тим”, вели Секуловски.
    
Без Тантуровска во Шведска

Иако е рано да се зборува за мечот со Шведска, сепак, за разлика од денешниот меч патниците за последната станица на квалификациите се познати. Со македонската експедиција нема да патуваа Ана Тантуровска. Причината поради која искусниот стратег нема да може да смета Тантуровска е визата.
  
17:00: (МТВ) МАКЕДОНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА
Сала: “Јане Сандански” во Скопје.
Судии: П.Папапетру (Грција) - А.Бостан (Молдавија)
Делегат: В.Смирнов (Србија)

МАКЕДОНИЈА
4. А. Јовановска
5. А.Тантуровска
6. Н. Секуловска
7. М. Гавриловска
8. С. Димовска
9. А. Живковиќ
10. Е. Раденковиќ
11. Б. Самарџиска
12. Б. Стојановска
13. З. Ацковска
14. В. Домлевска
15. Х. Муса

ПОРТУГАЛИЈА
4. А. Оливеира
5. А. Коелхо
6. С. Филипе
7. С. Рамалхо
8. Т. Миловач
9. Ј. Фогаца
10. П. Муксири
11. Д. Ескорчио
12. А. Фонсека
13. К. Фреитас
14. С. Фореид
15. Ј. Лопеш

ДВОЈКИ 4. КОЛО
ДЕНЕСКА
ГРУПА А
14.30: Ирска - Исланд
17.00: Холандија - Швајцарија
17.00: Словенија - Црна Гора

ТАБЕЛА
1. Црна Гора 3 3 0 210:186 6
2. Ирска 3 2 1 202:192 5
3. Холандија 3 2 1 244:233 5
4. Словенија 3 1 2 234:219 4
5. Исланд 3 1 2 207:228 4
6. Швајцарија 3 0 3 168:207 3

ГРУПА Б
17.00: МАКЕДОНИЈА - Португалија
18.15: Луксембург - Шведска

ТАБЕЛА
1. Португалија 3 2 1 201:174 5
2. Шведска 2 2 0 154:101 4
3. МАКЕДОНИЈА 2 2 0 134:117 4
4. Естонија 3 0 3 173:208 3
5. Луксембург 2 0 2 85:147 2




Наjновo од Спорт
Шалке ја брка првата победа во новата сезона
Хрватска и Италија финалисти на ЕП во ватерполо
Со Милан сакам да ги освојам сите титули и тоа веднаш
ФИФА ги укинува продолженијата
Балотели на операција на коленото
Реал со најголемиот буџет во историјата на фудбалот
Кака од јануари во Интер!?
Кајакарот Чуркоски го обиколи Охридското езеро - од него сака да направи Ламанш на Балканот
Македонија поразена од Русија во натпреварот за 11.место на ЕП во ватерполо
Македонија против Русија во борба за 11.место на ЕП во ватерполо
Комплетирани четвртфиналните двојки на кошаркарскиот Мундијал во Турција
На ЕП во ватерполо елиминиран бранителот на трофејот, репрезентацијата на Црна Гора
Македонија загуби од Турција на ЕП во ватерполо
Македонија против Русија во борба за 11-то место
На ЕП во ватерполо елиминиран бранителот на трофејот
Литванија против Аргентина во 1/4-финалето
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи