
|
 |
Спорт / Останати спортови
|
|
"Или операција или кариерата ми е завршена"
Кејси Стонер потврди дека ќе оди на операција на зглобот на раката на крајот на сезоната бидејќи во спротивност може да ја заврши кариерата. Во Мизано на крајот на август, Стонер откри дека скафоидната коска во левиот зглоб, која прво ја скрши уште во 2003, не е добро излечена. Ѕвездата на Дукати продолжи да вози велејќи дека проблемот не е во болката, а сега вели дека има недостиг на сила во раката.
"Болките не се силни, туку се работи за слабост при промена на правецот. Малку сум загрижен за викендот во Австралија, и треба да видам колку кругови можам да направам пред да се уморам. Решив сега само да ја замотам раката. Не можев доволно да го држам мотоциклот на минатата трка", вели Австралиецот.
До крајот на сезоната има уште три трки пред да заврши на 26 октомври, по што Стонер вели дека нема избор освен да оди на операција, што значи дека нема да тестира по крајот на сезоната.
"Морам да одам на операција бидејќи ако не го направам тоа, можеби кариерата ми е завршена. Навистина е разочарувачки пет години по операцијата да имам ваков проблем. Но, можеби имам среќа поради тоа што сега знам што е проблемот и не можам да го игнорирам. Подобро е да го решам и да паузирам три месеци", вели Стонер.
Минатата година Австралиецот оствари одлична победа на домашната патека во Филип Ајленд, а овој викенд ќе го брани второто место во генерален пласман бидејќи е само 11 поени пред Дани Педроза во Хонда.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|