недела, 05.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Затворен случајот операција "Пуерто"!

Операција "Пуерто", најголемата истрага за допингувањето во велосипедизмот, е затворена без ниту една пресуда. Шпанските медиуми објавуваат дека судијата официјално ја затвори операција "Пуерто", истрагата на цивилната гарда во која беа вмешани повеќе од 50 велосипедисти. По рациите во клиниките во Мадрид и Сарагоса во мај 2006 беа запленети стероиди, хормони, ЕПО, скоро 100 кесички замрзната крв и опрема за трансфузија.

Шпанските медиуми објавуваат дека судијата Антонио Серано решил да го затвори случајот бидејќи тестираните примероци покажале нивоа на ЕПО кои се премали за да се оценат како здравствен ризик, што беше во согласност со првото обвинение според тогашните шпански закони.

"Навистина сум разочаран, но не и изненаден што Серано го затвори случајот. Тој во ниту еден момент не даде впечаток дека навистина сакаше да направи нешто", вели претседателот на Интернационалната велосипедска унија (УЦИ), Пет Мекквејд.

УЦИ не се откажува од случајот и објави дека работи со легалните оддели на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) и Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) за да може да се добие пристап до доказите собрани во истрагата.

"Зборуваме со нашите шпански адвокати за тоа кој може да биде следниот чекор, и како да стигнеме до тие материјали", вели Мекквејд.

Серано прво го затвори случајот минатата година бидејќи велосипедистите и лекарите не можеа да бидат обвинети според шпанските закони, кои од тогаш се променети. Министерството за спорт на Шпанија во февруари побара случајот повторно да биде отворен за да се дознае дали лекарите кои го вршеле допингувањето со трансфузија крв ги прекршиле законите за јавно здравје.

Девет велосипедисти беа исклучени од Тур де Франс по оваа рација вклучувајќи го Џиро Д'Италија шампионот од 2006, Иван Басо и шампионот од Тур де Франс од 1997 Јан Улрих. Алберто Контадор, актуелниот Џиро и Вуелта шампион и минатогодишниот шампион на ТдФ, исто така беше поврзуван со случајот и сведочеше пред судот во Мадрид.

Пет лекари и официјални лица на тимови беа уапсени по рациите, но против нив не беше поднесена тужба.


Наjновo од Спорт
Атлетико нема да ги прости грешките на Барса
Венус сигурна, сега на ред е Јанковиќ
"Гипсарите" ја напаѓаат втората позиција
Лацио и Милан ја продолжуваат извонредната серија ?
Портсмаут и Удинезе се спасија во продолженија
Кими: "Ова не е мојата година"
Компактноста на Ливерпул против "ѕвездите" на Сити
Затворен случајот операција "Пуерто"!
"Или операција или кариерата ми е завршена"
Се чека прецизирање на терминот
Металург ги испоти "зебрите"
Вицешампионот се откажа, првата Лига стартува со девет клуба
Шампионот стартува кај "зебрите"
Спарс без Ману цели два месеци
Бривио: "Роси нема што да докажува"
Релаксиран и малку лут!
greatest hits 2
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи