
|
 |
Спорт / Останати спортови
|
|
АМЕРИКАНКАТА ЕКСПРЕСНО НА ПОРШЕ ГРАН ПРИ ТУРНИРОТ ВО ШТУТГАРТ Венус сигурна, сега на ред е Јанковиќ
Венус Вилијамс ја "уништи" Динара Сафина со 6:4/6:2 за да стигне до полуфиналето на Штутгарт ГП митингот во петокот. Американката беше пресилна и стабилна за Сафина, правејќи само осум неизнудени грешки во квалитетниот меч од 1 час и 16 минути. Следна за неа е идната светска тенисерка број 1, Јелена Јанковиќ, која во меч преполн со грешки со 7:6/7:6 ја совлада руската деветта носителка Вера Звонарева.
Олимписката шампионка Елена Дементиева пак во три тешки сета загуби од Белорусинката Викторија Азаренка со 7:6/3:6/6:1. Азаренка ги искористи сите грешки на Дементиева за победа по 2 часа и 54 минути на централниот терен. За Азаренка следна е уште една Русинка, откако Надја Петрова со 6:2/6:3 ја совлада Кинеската Ли На. Петрова, која е шампионка од 2006 би требала да има голема предност во дуелот со Азаренка, бидејќи заморот ја стигна Белорусинката.
"Не смеев да се предадам до крајот. Имаше многу долги поени и моите нозе сега се мртви", вели Азаренка.
ДЕЛ ПОТРО ПРЕКУ ФЕРЕР
Победата на Хуан Мартин Дел Потро осигура дека ќе има нов шампион на Јапонскиот Опен. Петтиот носител на турнирот со 6:1/7:5 го исфрли првиот носител и актуелен шампион, Шпанецот Давид Ферер во 1/4 финалето на 869.000$ вредниот турнир. Де Потро немаше АТП победа пред да стигне до четири титули по ред во текот на летото, по што стигна до 1/4 финалето на УС Опен.
"Променив многу работи во мојата игра, но и во мојата глава. Не верувам дека некој друг се подобрил толку оваа година. Првиот сет изгледаше лесно, но не се опуштив бидејќи знам дека Ферер е вистински воин и се бори до последниот поен", вели 20-годишниот Аргентинец, кој скокна од 81. на 12. место од април оваа година.
Во полуфиналето тој ќе игра со четвртиот носител, Ришар Гаске, кој со 6:3/6:2 го совлада 12. носител, Германецот Раинер Шутлер. Второ големо изненадување на турнирот беше поразот на третиот носител Чилеанецот Фернандо Гонзалез, кој со 6:0/6:4 загуби од Чехот Томаш Бердих. Американецот Енди Родик е блиску до втората титула по ред, откако со 6:3/6:4 го совлада Србинот Виктор Троицки.
"Ова беше доволно добар меч. Можеби најдобар оваа недела", вели Родик.
РЕЗУЛТАТИ (1/4 ФИНАЛЕ)
АИГ ЈАПОНСКИ ОПЕН - ТОКИО
МАЖИ, 869.000$
(5) Дел Потро - (1) Ферер 6:1/7:5
(2) Родик - Троицки 6:3/6:4
(9) Бердих - (3) Ф.Гонзалез 6:0/6:4
(4) Гаске - (12) Шутлер 6:3/6:2
ЖЕНИ, 175.000$
(1) Возниацки - (7) Танасугарн 6:4/6:1
(5) Канепи - Пављученкова 7:6(7:4)/7:6(7:1)
(8) Возниак - Стосур 7:5/6:3
Гајдошова - Закопалова 7:5/7:5
ПОРШЕ ТЕНИС ГРАН ПРИ - ШТУТГАРТ, 650.000$
(2) Јанковиќ - (7) Звонарева
(6) В.Вилијамс - (3) Сафина 6:4/6:2
Азаренка - (4) Дементиева 7:6(8:6)/3:6/6:1
Петрова - Ли 6:2/6:3
ОПЕН ДЕ МОЗЕЛ - МЕЦ, 370.000Е
(4) Матју - Типсаревиќ
(5) Турсунов - Моја 6:3/6:3
(7) Штепанек - Шванк 3:6/7:6(7:4)/6:4
Манарино - Жиквел 6:4/7:6(7:3)
ТАШКЕНТ ОПЕН, 145.000$
(1) Пенг - (6) Никулеску 6:7(6:7)/6:2/6:4
(3) Чирстеа - Ларчер Де Брито 6:2/7:6(7:5)
(4) Лисицки - У.Радванска 3:6/7:5/7:6(7:4)
(5) Рибарикова - Ралуча Олару 6:1/6:2
Серена се повлече од Кремљ Купот
Серена Вилијамс нема да игра на Кремљ Купот поради повреда на скочниот зглоб. Минатата година Серена стигна до финалето каде што загуби од Елена Дементиева. Женскиот турнир оваа година е најсилен во 19-годишната историја на 2.3 милиони $ вредниот турнир, со осум од топ 10 тенисерките. Само Вилијамс и светската тенисерка број 6, Марија Шарапова, која ја прекина сезоната се отсутни.
"Мојот лев скочен зглоб ме мачи од УС Опен и ми треба мала пауза од тенисот. Играв многу тенис оваа година и сега целта е да го вратам првото место на ВТА листата", вели Американката, која во понеделник ќе биде заменета на првото место од Србинката Јелена Јанковиќ.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|