понеделник, 06.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Мајсторски триумф за Стонер, се е в ред со Роси

Кејси Стонер водеше од стартот до финишот на Австралиското ГП пред новиот светски шампион Валентино Роси, кој стигна на второто место откако стартуваше како 12. Домашниот фаворит не покажа знаци на болка во скршениот зглоб на раката за фантастична трка, додека Росиго помина Ники Хајден во последниот круг.

Австралиецот Стонер вели дека е пресреќен што повторно победи на својата домашна трка, речиси три месеци по неговата последна победа во Заксенринг. Асот на Дукати беше пред доминација во вториот дел од сезоната, но по серија грешки и враќањето на старата повреда на зглобот на раката, за која ќе мора да оди на операција, Роси влезе во сопствена серија и ја освои титулата. Ова е петти триумф на Стонер во оваа сезона.

"Оваа сезона беше многу тешка за нас, но дадовме се од себе. Имавме лоши и добри моменти и сега е добро што повторно сум на врвот. Не сум 100% физички подготвен, но овој викенд работевме напорно и тоа се исплатеше", вели Стонер.

Ники Хајден го постави под притисок Стонер во првиот дел од трката, пред неговата Хонда да не ја издржи битката. Стонер признава дека бил загрижен.

"На почетокот мислев дека нема шанси да се одвојам од Ники. Тој изгледаше во добра форма и го слушав зад мене. Тогаш гумите се загреаја и можев да бидам и побрз", вели Австралиецот.

СН Е В РЕД СО ШАМПИОНОТ РОСИ

Валентино Роси вели дека не страдаше од тешкиот пад на квалификациите во саботата откако од 12. место на стартот во Австралија стигна до второто место, и во исто време за заблагодари на Мото ГП медицинскиот тим бидејќи тие му помогнале да биде на мотоцикл во неделата. Светскиот шампион го повреди вратот по падот при крајот на квалификациската сесија.

"Морам да им се заблагодарам на сите во Клиника Мобиле и на докторот Клаудио Коста бидејќи за трката бев 100% подготвен. За мене ова беше многу возбудлива трка од почетокот до крајот бидејќи немав време да се опуштам ниту една секунда. Тешко е да се стартува од четвртиот ред на една трка, но знаев дека можам да направам нешто повеќе", вели Роси.

Италијанецот призна дека имал среќа што ги избегна незгодите во првиот круг, кога излетаа Дани Педроза и Алекс де Анџелис. Поголемиот дел од трката Роси го помина во битка за третото место со клупскиот колега од Јамаха, Хорхе Лоренцо и со Тех 3 Јамаха возачот Џејмс Тосленд.

ДИ МЕЉО СТАНА СВЕТСКИ ШАМПИОН

Французинот Мајк ди Мељо ја обезбеди 125сс титулата со неговата четврта победа во оваа сезона на Филип Ајленд. 20-годишниот Ди Мељо својата прва круна ја освои на совршен начин со неверојатна разлика од 10.255 пред Германецот Штефан Брадл, додека досегашниот шампион Габор Талмачи беше на третото место.

"Кога ја поминав целта не знаев дали ја освоив титулата или не, и сфатив дека сум шампион кога еден фан ми го даде француското знаме. Чувството е неверојатно! Не знам што ќе се случи следната година. Можеби ќе одам во 250", вели возачот на Аџо Моторспорт Дерби.

Марко Симончели, пак, во тесна битка за само 0.223 секунди го совлада ривалот за титулата во 250сс Алваро Баутиста.



РЕЗУЛТАТИ (АВСТРАЛИСКО ГП)

МОТО ГП

1.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 40:56.643

2.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха +6.504

3.Ники Хајден (САД) - Репсол Хонда +7.205

4.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха +11.500

5.Шинја Накано (Јап) - Хонда Гресини +11.914

250СС

1.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера 39:02.553

2.Алваро Баутиста (Шпа) - Априлија Аспар +0.223

3.Мика Калио (Фин) - Ред Бул КТМ +14.450

4.Хоан Симон (Шпа) - Репсол КТМ +14.478

5.Алекс Дебон (Шпа) - Лотус Априлија +26.226

125СС

1.Мајк Ди Мељо (Фра) - Аџо Моторспот 37:55.589

2.Штефан Брадл (Гер) - Априлија Гризли Гас +10.255

3.Габор Талмачи (Унг) - Априлија Аспар +13.106

4.Андреа Јаноне (Ита) - ИЦ Тим +13.149

5.Пол Еспархаро (Шпа) - Белсон Дерби +26.796



ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

МОТО ГП

1.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 332

2.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 245

3.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 209

4.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха 182

5.Андреа Довициозо (Ита) - ЈиР Скот Хонда 145

250СС

1.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера 215

2.Алваро Баутиста (Шпа) - Априлија Аспар 183

3.Мика Калио (Фин) - Ред Бул КТМ 175

4.Алекс Дебон (Шпа) - Лотус Априлија 155

5.Ектор Барбера (Шпа) - Априлија Тот 142

125СС

1.Мајк Ди Мељо (Фра) - Аџо Моторспорт 212

2.Симоне Корси (Ита) - Априлија Џек и Џонс 176

3.Штефан Брадл (Гер) - Априлија Гризли Гас 167

4.Габор Талмачи (Унг) - Априлија Аспар 165

5.Николас Терол (Шпа) - Априлија Џек и Џонс 149


Наjновo од Спорт
Амари ќе мора да носи очила
Задар со пресврт до победа, ФМП до пораз
Црно дерби во Тетово!!!
Партизан подобар во "вечното дерби"
Мајсторски триумф за Стонер, се е в ред со Роси
"Растур-систем" во Јувентус и Рома
Кастроневес победува и на условно
Венус сигурна, сега на ред е Јанковиќ
Затворен случајот операција "Пуерто"!
"Или операција или кариерата ми е завршена"
Се чека прецизирање на терминот
Металург ги испоти "зебрите"
Вицешампионот се откажа, првата Лига стартува со девет клуба
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи