
|
 |
Спорт / Останати спортови
|
|
Задар со пресврт до победа, ФМП до пораз
Екипата на Задар направи голем пресврт и на отворањерто на новата сала, која го доби името на легендарниот "Крешимир Ќосиќ", го доби "далматинското дерби" против Сплит (81:67).
Таква среќа немаше ФМП, кој пред своите гледачи во Железник загуби позитива од цели 17 поени, на крајот доживеа пораз во српското дерби против Црвена Звезда (78:84).
Тодор Гечевски се уште се бара себеси во новиот тим на Задар. Против "жолтите" имаше ефект од шест поени (2/2 за еден, 2/4 за два и 0./1 за три поени), плус и пет скока и по една блокада и загубена топка за 22 минути на теренот.
Сосема солиден, пред се играчки старт во НЛБ лигата, направи неговиот центарски колега Предраг Самарџиски во црвено-жолтиот дрес, но остана без оној победнички ефект против "црвено-белите".
Пеџа реализираше дабл-дабл од 12 поени и 10 скока кај "пантерите". Имаше одлични 5/6 за два поена (2/6 од линијата за слободни фрлања). Но и одлични четири блокади и една загубена топка за речиси 22 минути.
Пораз и за Унион Олимпија каде во оваа сезона игра Владо Илиевски. Нашиот репрезентативец со 20 поени беше најефикасен играч на натпреварот во Подгорица, но тоа не беше доволно за триумф на помалку фаворизираниот состав од Љубљана. Со подобра игра во целиот тек на средбата во "Морача", на крајот Будуќност победи со сигурни 82:73.
Нашиот репрезентативец имаше одлична, пред се шутерска вечер. За 33:45 минути ги погоди сите пет шута за три поени. Беше делумен од линијата за слободни фрлања (3/6), а имаше и 1/4 за два поени. Освен тоа Илиевски оствари и четири асистенции и еден скок, убедливо најдобар ефект кај силно засилениот тим на "змајчеки", но пред крајот нашиот репрезентативец се пожали на ситна повреда и беше заменет.
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
Задар - Сплит 81:67
ФМП-Ц. Звезда 78:84
Будуќност - У. Олимпија 82:73
Загреб - Војводина 81:90
Хемофарм - Цибона 86:76
Хелиос - Босна 74:79
Партизан - Крка 74:67
ТАБЕЛА
1. Задар 1 1 0 81:67 2
2. Хемофарм 1 1 0 86:76 2
3. Будуќност 1 1 0 82:73 2
4. Војводина 1 1 0 90:81 2
5. Партизан 1 1 0 74:67 2
6. Ц. Звезда 1 1 0 84:78 2
7. Босна 1 1 0 79:74 2
8. Хелиос 1 0 1 74:79 1
9. ФМП 1 0 1 78:84 1
10. Крка 1 0 1 67:74 1
11. Олимпија 1 0 1 73:82 1
12. Загреб 1 0 1 81:90 1
13. Цибона 1 0 1 76:86 1
14. Сплит 1 0 1 67:81 1
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|