вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Спорт / Останати спортови

Денеска средба ЕХФ - Груевски

Генералниот секретар на Европската ракометна федерација, Михаел Видерер, и претседателот на ЕХФ, Тор Лијан (евентуално потпретседателот), Жан Биро денеска во Скопје ќе имаат средба со претставници на владата на Р Македонија и, конечно, да бидат отстранети сите дилеми околу организацијата на првенството. Дилеми кои се јавуват уште од моментот кога федерациите го дадоа својот глас за Македонија при доделувањето на организацијата.

ЕХФ беше најзагрижен околу способноста на МТВ да организира преноси кои се на ниво кое го бара ЕХФ.

Нормално и договорот кој требаше да го потпише со македонските гаранти (владата), па во еден момент и официјално се закани со одземање на првенството. Целта беше првенствено да се изврши притисок, но доколку не беа сериозно сфатени, ќе имаа оправдување да го сторат тоа што го најавија и никој немаше да може да им замери.

Денеска треба да биде ставена точка на тоа. Македонија и РФМ се надеваме за последен пат ќе бидат под скенер и по тоа ќе останат само тековните организациски работи.

Првенството почнува на 2 декември, а ќе се игра во Скопје и во Охрид. Скопската сала ќе ги исполни сите критериуми за настап на репрезентациите кои ќе играат овде, вклучително со Македонија.

Во Охрид исто така ќе се играат две групи. Најголем проблем ќе претставува просторот, салата е малечка и осветлувањето. Речиси двојно посилно светло е потребно за квалитетен телевизиски пренос.

И најболното прашање е МТВ. Ќе мора да бидат изнајмени репортажани коли за да се изврши преносот. ЕХФ, кој има скап договор со Инфронт, не смее да си дозволи никакви импровизации во тој поглед. Се очекува над една милијарда гледачи да го проследат првенството, што претставува огромна можност за афирмација на нашата држава. Посебно сега, кога меѓународна афирмација ни е потребна многу.

Цела мината недела РФМ работеше со две комисии на ЕХФ кои дојдоа во Македонија. Финалната инспекција на салите и "медија ворк" групата.

Беа прецизирани деталите околу медија соработката со ЕХФ, акредитациите и начинот на кој ќе биде покриено првенството од таа страна.

Тие комисии заминаа од Македонија, вчера, денеска доаѓа споменатата, на највисоко ниво. РФМ вчера ги достави сите материјали до владата на РМ, а денеска, во 16:00 часот почнува решавачкиот состанок.


Наjновo од Спорт
Фергусон забранил оргии за Божиќ
Касано преговара со Манчестер Сити
Одиме на победа и против Исланд
Извршена ждрепка за Купот на УЕФА
Руските олимпијци кои освоија медал на ОИ во Пекинг наградени со "БМВ"
ФФМ ќе ја спасува Ренова!?
Виеира го одби Сандерленд
Пензијата не е дел од плановите на Неш
Денеска средба ЕХФ - Груевски
Амари ќе мора да носи очила
Задар со пресврт до победа, ФМП до пораз
Мајсторски триумф за Стонер, се е в ред со Роси
Кастроневес победува и на условно
Венус сигурна, сега на ред е Јанковиќ
Затворен случајот операција "Пуерто"!
"Или операција или кариерата ми е завршена"
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи