
|
 |
Спорт / Останати спортови
|
|
Пензијата не е дел од плановите на Неш
Иако за четири месеци ќе наполни 35 години, Стив Неш не планира наскоро да го каже своето збогум од кошаркарските терени. Двократниот МВП, на кого и следната сезона од договорот му е засега загарантирана во Феникс, неодамна изјави дека во неговите планови е да игра и во следните две години по завршетокот на тој договор, што значи дека како дел НБА ќе го гледаме и во сезоната 2011-12 кога тој ќе има цели 38 години. Неговиот престој би можел и да се продолжи и потоа доколку Канаѓанецот го заобиколат повредите и доколку се уште чувствува предизвик.
"Знам дека сакам да играм уште четири години. Тоа е една од моите цели, да потпишам уште еден НБА договор, овој пат на две години. По тоа ќе видам како ќе се чувствувам. Во моментов се чувствувам одлично и знам дека имам уште доста добри партии пред себе" - изјави плејот на Феникс.
Неш додаде и дека од управата на клубот до сега не добил никаква понуда за продолжување на договорот, што до некаде и е разбирливо со оглед на тоа дека тие се уштем барем не официјално, не ја искористиле ниту опцијата за да го задржат за следната сезона. Но, 7.5 милиони од вкупната сума од 13.1 милиони долари за сезоната 2009-10 веќе му е загарантирана без разлика дали тој играл или не, така да, освен доколку не му се случи некоја посериозна повреда, Санси повеќе ќе загубат ако не го задржат.
Според Неш, тој би сакал кариерата да ја заврши во Аризона.
"Мој приоритет е да останам тука до крајот, но за тоа повеќе ќе размислувам кога ќе дојде време" - рече Канаѓанецот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|