вторник, 14.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Мечот со Барса, добра поука

Дуелот со Барселона одигран во неделата во Блауграна покажа дека Каталонците се решени годинава да "напаѓаат" финале во Лигата на шампионите, но воедно и да се обидат да стигнат до титулата. Се потврди фактот дека Барса годинава има тим за високи дострели, а тоа најдобро го почувствуваа и ракометарите на Металург, кои загубија на дуелот од 2. коло со 30:19.

На оваа средба и не се очекуваше некое големо изненадување. Беше повеќе од јасно уште пред заминувањето за Шпанија дека домаќинот е голем фаворит и дека ќе биде многу тешко да се направи некакво изненадување во Барселона. Како што се очекуваше така и се случи на теренот бидејќи посебно во второто полувреме дојде до израз квалитетот на Каталонците.

И додека во првиот дел од средбата Металург парираше и се бореше со сите сили да дојде до колку што е можно подобар резултат, во продолжението мораше да го плати данокот на таа борба. Клупата на Барселона е далеку "подолга" од онаа на Металург и тоа дојде до израз кога се "кршеше" резултатот во второто полувреме и кога се зголемуваше предноста на домашните.

"Не изненадија тактички. Очекувавме да играат моќно, но се подготвуваме да ги спречиме да се растрчаат од почеток и да ја играат играта на Кил. На почеток ја умртвија играта, што покажа дека се имаат добро подготвено за нас. Беше очигледно дека се добро подготвени и дека знаеја се за нас. Си ја чекаа својата шанса стрпливо и кога дојде моментот успеаја да ја искористат", вели претседателот на Металург, Ристо Чокрев.

И покрај тоа што Барселона почна да игра поинаку од она што се мислеше додека "металурзите" се подготвуваа за овој меч, сепак, во првите 30 минути се парираше. Иако Барса направи разлика од шест гола, 12:6 во продолжението Металург одигра добро и со серија од 5:1 намали на пристојни два гола негатива, 13:11.

По 14:11 на паузата во вториот дел беше една сосема друга приказна во која Металург потешко се снаоѓаше. До израз дојде и заморот, се правеа многу грешки, кои дозволуваа премногу лесно ракометарите на Барселона да прават контранапади и да го загрозуваат голот на Ристовски.

"Откако одиграа една игра во првиот дел, во второто полувреме Барселона ја повлече одбраната. Добро го затворија нашиот пикер, и постојано се обидуваа да ги ловат нашите грешки. Умешно не чекаа да почнеме да грешиме, а бековите немаа доволно простор да шутираат од далечина, што им даде одлична шанса на ракометарите на Барселона да го зголемуваат водството. Добија шанса и успеаја да ја искористат, па стигнаа до висока предност".

И покрај поразот од 30:19 ништо не е загубено бидејќи во продолжението на натпреварите од Лигата на шампионите за екипата на Металург претстои дуелот од 3. коло во кој норвешкиот Драмен ќе гостува во салата "Борис Трајковски".

"И на средбата со Кил и сега против Барселона ние не чекавме победи. Ни беше јасно дека до тоа на гости ќе биде тешко да се стигне. Меѓутоа, од овие натпревари ние можевме да научиме многу и да извлечеме многу корисни работи за нас. Сето тоа ќе се обидеме да го примениме на дуелот со Драмен, а потоа и во дерби мечот против Металург кој ќе се одигра во текот на следната недела. Ние во минатите две кола загубивме од многу подобри екипи од нас, но ништо не е загубено бидејќи нашата шанса уште пред почетокот на сезоната не ја гледавме против нив туку против Драмен", заврши Чокрев.

Како и да е, средбата со Барселона е веќе во минатото. Ракометарите веќе размислуваат за она што ќе ги очекува в сабота кога го пречекуваат норвешкиот Драмен. Натпреварот ќе биде максимално силен и ќе биде потребно да се одигра одлично за да се дојде до посакуваниот резултат. Металург покажа дека има квалитет да им парира на големите, но се уште недостига нешто за да може да се издржат сите 60 минути. Драмен не е клуб со квалитетот на Кил или Барселона и токму тоа е шансата за Металург. Ќе биде потребна колку што е можно повисока победа за доколку дојде до потребно во последното коло да решава и меѓусебниот дуел.


Наjновo од Спорт
Мечот со Барса, добра поука
Би му помогнал на Фелипе!
Исланд - селекција "полна" изненадувања
Достаниќ немал договор со Вардар!!!
Кавенаги на Енфилд, Кујт во Хамбургер ?
Дали Хамилтон повторно го губи тлото под нозете?
Наполи ќе причека
Металург поразен со 11 гола разлика од Барселона
Овче Поле нов прволигаш, 10 екипи во елитата
Темелковски го објави списокот на ракометари за двомечот со Австрија
Јанковиќ и Давиденко во добра форма
Победата едно, играта нешто сосема друго!
Ивановиќ капитулираше во Москва
Стонер предупреден дека операцијата е ризична
Питер му се налути на Кличко
Македонија застана зад ЕП!
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи