
|
 |
Спорт / Останати спортови
|
|
Млад руски хокеар починал на натпревар
 Алексеј Черепанов, хокеар на Авангард Омск и надеж на Њујорк Ренџерс, починал на натпревар од руското хокеарско првенство.
Авангард гостувал кај Витјаза, а Черепанов во 57 минута од натпреварот претрпел срцев удар на клупата и колабирал. Медицинската екипа се обидела да го оживее. Бил пренесен во болницата во Чехов. Според руските медиуми тој починал два часа подоцна.
Черепанов имал само 19 години. Минатата година тој бил забележан од Њујорк Ренџерс, каде што требало да стане член.
На несреќниот натревар бил стрелец на првиот погодок во 8 минута. Негов соиграч во Авангард Омск бил легендарниот Јаромир Јагр, поранешен капитен на Њујорк Ренџерс. Оваа сезона Черепанов на 12 натпревари од руското првенство постигнал 7 погодоци и пет асистенции.
Веста за трагедијата на натпреварот од руското првенство го потресе целиот хокеарски свет. Истиот ден, Њујорк Ренџерс играле во НХЛ лигата против Њуџерси. За време на натпреварот, сите хокеари оддале минута молчење во чест на трагично починатиот хокеар.
“Многу сме погодени со трагичната смрт на Алексеј. Пред целиот клуб изразувам најдлабоко сочувство на неговото семејство. Алексеј беше интелегентен човек кој беше многу талентиран. Пред него беше голема иднина“, изјавил главниот менаџер на Њујорк Ренџерс Глен Сатхер.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|