петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Рубио не се појави на промоцијата во Минесота

Сагата околу Рики Рубио, петтиот пик на овогодишниот драфт избран од страна на тимот на Минесота, продолжува да ги полни страниците на американските медиуми. И покрај тоа што с$ уште нема заиграно ниту една минута во НБА лигата Шпанецот подолг период е една од топ темите.

Последната информација поврзана со Рубио е неговото отсуство од официјалната промоција во таборот на неговиот тим Минесота Тимбервулфс. Да биде уште постимптоматично, на неа секако присуствуваше Џони Флин, момчето кое беше избрано како шести пик веднаш по Рубио, кој беше пресреќен што Волфси му ја исполниле најголемата животна желба, да биде дел од НБА циркусот.

Претседателот на клубот, Дејвид Кан, кој потенцираше дека стои зад својата одлука да избере два многу слични играчи кои со сигурност можат да играат го избрал Рубио како петти пик, како и за да му помогне финансиски околу неговиот откуп на договорот со тимот на Хувентуд.

Минесота како тим уште пред стартот на драфтот преговарала со неколку екипи Рубио да биде избран што погоре за да добие што повеќе финансиски сретства, но, сепак, до тоа не дојде.

Главниот проблем што беше многупати напоменуван е отштетата која матичнот клуб на Рубио Хувентуд ја бара за него. Околу 6.6 милиони евра се побарувањата на шпанскиот тим, а агентот на Рубио, Ден Феган, по се изгледа, нема повеќе опции околу евентуалната промена на ситуацијата.

"Во разговорот во агентот на Рубио му соопштив дека ние сме согласни да чекаме онолку колку што е потребно таа ситуација да се реши. Рубио има само 18 години, па и доколку почекаме една или две години за тоа да ни се приклучи тоа и нема да биде голема трагедија" - истакна Кан.

На прашањето зошто Рубио не е присутен на официјалната промоција, Кан одговори:

"Мислам дека не треба да создаваме дополнителен притисок врз него и луѓето што се околу него. Тој во моментот е сконцентриран на проблемот кој би сакал да го реши, а за промоција и прес-конференција има време" - дополни првиот човек во таборот на Минесота.

На маргините на сите овие збиднувања, Минесота го претстави и третиот избор на овогодишниот драфт. Се работи за Вејн Елингтон, бек шутер кој доаѓа од универзитетот Северна Каролина и кој според Кан би требало да биде вистинско освежување за надворешните линии на тимот.




Наjновo од Спорт
Светскиот првак противник на Македонија на ЕП во ватерполо
Десет "најдобри" изјави на СП
Динамо Минск, патоказ за успехот
Хамилтон со големи надежи во Монца
Шуми знае дека не постојат гаранции за успех
Ф1 ФЛЕШ
Капироси на 200-та трка ќе објави враќање во Дукати?
Стонер сака победа до крајот на сезоната
Викендов меѓународно мото рели „ Македонија - Независност 2010“
Комплетирано третото коло на Европското првенство во ватерполо во Загреб
Мишелин сака враќање во Рели ВРЦ
Металург се "пресели" во Порто
Четири селекции и натаму без пораз на кошаркарскиот Мундијал во Турција
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи