
|
 |
|
|
Спорт / Останати спортови
|
|
Познати сите учесници на Тур де Франс
Се е подготвено за познатата трка низ Франција, откако сите тимови ги објавија своите адути во борбата за висок пласман.
Оваа година на програмата е 96 издание на големата трка која започнува на 4. јули, со старт во Монако.
На ова натпреварување ќе учествуваат 180 возачи, а организаторите поканија 17 професионални тимови и три со вајл карти, па така бројот на тимови учесници се заокружи на 20. Секој тим ќе има по девет велосипедисти.
Најстариот учесник на оваа трка е Французинот Стефан Губерт со 39 години, а колумбискиот возач Ригоберто Уран е најмладиот со 22 години. Патеката на Тур де Франс е со должина од 3,445 километри и ќе се вози во 21 етапа.
Оваа година на патеката повторно ќе се појави прославениот Ленс Армстронг кој се реактивираше и ќе вози за тимот на Астана. Американецот победи на седум трки и 22 индивидуални стази од оваа трка со 11 најдобри времиња.
Властите на Монако, каде ќе започне трката е подготвен за големиот настан. Најавено е присуство на голем број јавни личности како и навивачи и љубеници на велосипедизмот. Неофицијално се очекува да присуствуваат околу 150 илјади фанови.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|