Бентнер доби нов договор

Данскиот репрезентативец Никлас Бентнер си обезбедил нов тригодишен договор со тимот на Арсенал, соопштија вчера медиумите на Островот. Со заминувањето на Емануел Адебајор во Манчестер Сити, се отвори поголем простор за другите напаѓачи во екипата, пред се за Бентнер кој би требало сезонава заедно со Едуардо и Аршавин да биде еден од главните играчи во предниот ред. Данецот имаше договор до 2011 година, но според новиот ќе остане на Емирати дополнителни три сезони за неделна плата од 50 илјади фунти.

"Со заминувањето на Адебајор, Бентнер доби поголема самодоверба. Неверојатно е променет во последно време и со тоа си го заслужи новиот договор", изјавил за Сан близок извор до Арсенал.

Една од причините за поголемата слобода на Бентнер по заминувањето на Адебајор е тоа што пред околу година и пол имаше физичка пресметка со Тогоанецот и тоа за време на натпревар од Карлинг-купот против Тотенхем. Адебајор тогаш беше една од ѕвездите во екипата, додека Бентнер тукушто влегуваше во тимот. Како дел од новиот почеток во Сити, Данецот пред почетокот на сезоната го смени бројот на својот дрес, па место 26 сега носи 52.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...