ПОРАДИ ДОЖД ПРВ ПРЕКИН НА МЕЧОТ НА УС ОПЕН

Надал доби "одмор", Дел Потро го чека во полуфиналето



Ако на некого му требаше пауза на УС Опен, тоа сигурно беше Рафаел Надал. Со јасна болка во стомачните мускули, третиот носител доби посакувана пауза во 1/4 финалето против 11. носител, Чилеанецот Фернандо Алонсо, откако мечот беше одложен поради дожд во четвртокот навечер. Надал го освои првиот сет и водеше со 3:2 во тај-брејкот од вториот сет, кога по вторпат мечот се одложи поради дожд. Официјалните лица почекаа околу 90 минути пред да го одложат мечот, прв ваков случај по 10 дена фантастично време на Флешинг Медоуз.

Одложувањето, заедно со прогнозите за 90% шанси за дожд до крајот на турнирот заканува УС Опен да има хаос со распоредот, и речиси сигурно победникот од дуелот Надал-Гонзалез ќе страда во текот на викендот. Надал, освојувачот на шест гренд слем титули, не сакаше да зборува за повредата, не сакајќи да ги предаде своите слабости, но медицинскиот тајмаут кога тренерот му го масираше стомакот кажа се.

"Во првиот сет беше доста лошо. Сега е подобро. Навистина тешко за него", изјави неговиот тренер и чичко, Тони Надал.

Одложувањето го направи најголемиот (и единствениот) победник Хуан Мартин Дел Потро. Шестиот носител влезе во своето второ гренд слем полуфинале со релативно лесна 4:6/6:3/6:2/6:1 победа над Хрватот Марин Чилиќ во меч кој беше одбележан со силен ветер.

"Не можам да стартувам како денес. Размислував за други работи, а и времето беше лошо. Морам да се фокусирам подобро и да ја играм својата игра", вели Аргентинецот.

Дел Потро и Чилиќ се доста слични - двајцата имаат по 1.98 метри, двајцата имаат силен сервис и огромен потенцијал. А тоа што двајцата се родени со само 5 дена разлика во 1988, ги прави двајцата најмлади тенисери во топ 20.

Чилиќ поведе во првиот сет и водеше со 3:1 во вториот, кога работите почнаа да се менуваат многу бргу. Дел Потро подобро се снајде на силниот ветер и освои 17 од последните 20 гема. Негов прв пласман во 1/2 финалето на гренд слем турнир беше во Париз оваа година, кога водеше со 2:1 во сетови против Рожер Федерер, но загуби.

"Па, научив многу работи од тој меч. Бев блиску до победа. Сакам во иднината да бидам далеку подобар тенисер", вели Дел Потро.

Тој заврши со 24 неизнудени грешки, дури 29 помалку од Чилиќ.

"Тој не утнуваше. За разлика од мене", призна Хрватот, кој го елиминираше 2. носител, Енди Мареј во вторникот.

Второто полуфинале веќе е одредено - светскиот број 1 Федерер и 4. носител, Новак Ѓоковиќ. Федерер го совлада Ѓоковиќ во финалето на УС Опен во 2007 и во полуфиналето минатата година и има 8-4 предност во серијата. Но, единствен пат кога Федерер пропуштил финале на последните 17 гренд слем турнири беше по поразот од Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралискиот опен во 2008.

Машките финалиња се на распоред во "супер саботата" - две полуфиналиња по што следува и женското финале. Женските полуфиналиња беа на програмата за вчера. Актуелната шампионка Серена Вилијамс играше со шампионката од 2005, Ким Клајстерс, а Данката Каролине Возниацки се пресмета со Белгијката Јанина Викмаер, во дуел на 19-годишни тенисерки во деби гренд слем полуфиналето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...