Тоа што го ветивме и го исполнивме

Македонската кошаркарска федерација на денешната прес конференција по повод историскиот успех на кошаркарската репрезентација на ЕП во Полска, каде го освоивме 10 место во конкуренција на 16 селекции, го искажа задоволството и позитивните впечатоци од настапите на шампионатот.

"Во Полска се чувствував горд што сум Македонец. Имавме репрезентација што побуди интерес на Континенталниот шампионат. Бевме вистинско освежување. Повеќето мислеа дека ќе бидеме аутсајдери, но со резултати покажавме дека имаме квалитет." - изјави на денешната прес конференција претседателот на КФМ, Даниел Димески и додаде:

"Оваа екипа со лимитирани ресурси направи респектабилен резултат. Македонија, несомнено има талент, конкретно во кошарката, кој треба да се валоризира. Ова сакам да го означам само како почеток на патот кон успехот, зошто еден ден да не станеме и велесила во овој спорт".

Првата честитка за остварениот успех репрезентативците ја добија од Универзитетот ФОН, кој пак, со цел сите репрезентативци да бидат дел од нивната високо образовна установа, обезбедил бесплатно студирање за сите играчи на додипломски, постдипломски и докторски студии.

Задоволство од настапите на нашата репрезентација на Континенталниот шампионат во Полска изрази и капитенот Врбица Стефанов.

"Тоа што го ветивме пред заминувањето за Полска и го исполнивме, се пласиравме во втората рунда на Европското првенство. Мојата одлука за повлекувањето, како од репрезентативната, така и од клупската кошарка е комплетна. Сигурно дека во иднина ја гледам кошарката како дел од мојот секојдневен живот, но сега потребен ми е одмор за дружење со пријателите и семејството и подетално да се запознаам со условите во домашниот кошаркарски шампионат." - истакна Врбица Стефанов.

"Ни беше чест да ја презентираме Македонија на ЕП. Исклучително ми е драго што барем во репрезентацијата играв со играч каков што е Врба. Вистинска легенда." - додаде Предраг Самарџиски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...