Се бара билет повеќе во Ванкувер

Билетите за повеќето натпреварувања на Олимпијадата во Ванкувер се распродадени, но се уште е можно да се обезбеди место на големо натпреварување, но по висока цена. Организаторите на Игрите во Ванкувер планираат да обезбедат дел од билетите оваа недела, но интернет пазарот на билети дава нова шанса за место во последен момент.

Организаторите предупредуваат против купувањето билети преку неофицијални канали. Билетите за машкото финале во хокеј на мраз достигнуваат до 4.500 канадски долари, далеку над официјалната цена од 775 долари за најдоброто место во Канада Хокеј Плејс. Но, понудите на сајтот на организациониот комитет ВАНОЦ не се ништо подобро. Пред крајот на аукцијата за четири најдобри места во хокеарското машко финале сумата стигна до 11.000е. Организаторите се задоволни.

"Имаме фантастичен одговор од целиот свет и голема побарувачка од Канада и интернационално. Сигурен сум дека ќе имаме полни трибини. Работиме внимателно со нашите партнери за да осигураме секое место да биде пополнето", вели Кејли Дентон, потпретседателот на ВАНОЦ за билети.

Организаторите исто така доставија дополнителни билети за Свеченото отворање по генералната проба. Се очекува дополнителни билети да бидат достапни кога ќе се намалат местата за камерите.

Покрај можноста за купување билети преку "фан-до-фан" форумот на нивниот веб-сајт, организаторите исто така ги охрабруваат фановите да ги донираат сите билети кои не планираат да ги искористат, кои подоцна ќе бидат доставени на семејства и деца кои не можат да си дозволат олимписки билет.

ВАНОЦ веќе од стартот стави на страна 100.000 од 1.6 милиони билети по цена од 25 канадски долари, но половината од сите билет чинат 100 долари. До крајот на Игрите се очекува од билетите да биде инкасирано 215 милиони е.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...