Македонското знаме во Вистлер

Како што е обичај на секоја Олимпијада пред нејзиниот почеток во Олимпиското село се креваат знамињата на земјите учеснички. Македонското знаме беше кренато на јарболот во Вистлер, така што сега и нашата земја е присутна.

Македонија со своето знаме се наоѓа на јарбол меѓу француското и финското. Ова се земји коишто значат многу во скијањето, посебно во алпските и нордиските дисциплини. Затоа секако дека значи многу и овој податок знамето на Македонија да биде едно до друго со две големи скијачки земји како Франција и Финска.

Денот кога се креваше знамето можеше да се види и атмосферата во Олимпиското село. Известувачот на Македонски спорт беше еден од новинарите кои добија акредитација за официјална посета на Олимпиското село. Со тоа можеше да се проследи и чинот на кревање на македонското знаме.

Македонските репрезентативци, како и другите членови на делегацијата го проследија кревањето на знамето од просторија во Олимпиското село преку видеобим. Директорот на МОК, Владимир Богоевски, беше дел од церемонијата, а присутни беа и повеќето од македонската делегација.

Во Олимпиското село "Вистлер" предвидено е да бидат сместени 2730 учесници на овие игри. Тоа е само пола од бројката бидејќи на овие игри ќе има околу 5500 натпреварувачи од целиот свет.

Условите во селото се добри. Спортистите имаат и простор во кој може да го минуваат слободното време. Организаторот се има погрижено и за забава на учесниците така што покрај напорните тренинзи и натпреварите спортистите ќе можат слободното време да го минуваат во играње билјард, фудбал... Покрај тоа може да се посетува и салата за кревање товар каде што има голем број справи на коишто може да се вежба.

Иако Олимписките игри почнуваат денеска во Ванкувер се е во знакот на петте кругови коишто ќе бидат актуелни во следните 17 денови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...