МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ЗАБЕЛЕЖИ СВОЈОТ ЧЕТВРТИ НАСТАП НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

Важно е да се учествува...

Македонската експедиција во која има тројца натпреварувачи ќе биде четвртата што ќе забележи настап на Зимските олимписки игри и овој пат сите очекувања се да има подобри резултати отколку на минатите игри.

И на оваа Олимпијада македонските спортисти се под мотото "Важно е да се учествува", но и покрај тоа сите очекувања се спортистите да ги постигнат своите најдобри резултати во кариерите.

Дарко Дамјановски е најискусниот во составот, но и спортист кој успеа да обезбеди "А" норма. Со тоа стана првиот македонски натпреварувач на зимските игри кој успеал да се избори за норма и место на игрите без валјд-карта. Сепак, во неговата дисциплина конкуренцијата е максимално голема, па секое место во првата половина од вкупниот број учесници ќе биде максимално добар резултат.

Росана Кироска е најмладата во македонскиот тим и на нејзиното деби на Олимписките игри не може да се очекуваат спектакуларни резултати. Ако успее да истрча добро и да го потврди потенцијалот секако дека ќе треба сите да бидат задоволни. Таа ќе биде првата која ќе излезе на старт од македонските репрезентативци на игрите, па ќе има за задача да го "скрши мразот".

Знаменосецот на Македонија, Антонио Ристевски ќе чека за своите настапи, па ќе има време добро да се запознае со условите. И тој влегува во трка со многу поискусни скијачи од него. Нема притисок и за него за спектакуларен резултат, но може да се очекува да отскија добро. Влез меѓу најдобрите 30 по првата трка и во слалом и во велеслалом би било рамно на подвиг или на место на пиедесталот. Сепак, за сето ова многу повеќе ќе се размислува кога ќе дојде времето.

Најважно од сe во моментов е дека Македонија по четвртипат има свои претставници под сопствено знаме. Првпат настапи Весна Дунимаглоска во 1992 година, но тогаш под друго знаме, а откако во 1994 година ги пропуштивме Игрите во Лилехамер секогаш имаме свои претставници. Честа овој пат им припадна на Кироска, Дамјановски и Ристевски. Сите погледи во следните две недели ќе бидат насочени кон нив.

***

Првпат со "А" норма

На овие игри Македонија првпат има свој натпреварувач кој има обезбедено "А" олимписка норма. Се работи за Дарко Дамјановски, кој во понеделник ќе настапи на патеката од 15 километри трчајќи во слободен стил.

Нордијците први на терен

Претставниците на Македонија во нордиските дисциплини, Росана Кироска и Дарко Дамјановски први ќе излезат на терен. Росана ќе настапи во понеделник, од 19 часот по македонско време (10 по локално). Дајмановски настапува два и пол часа подоцна.

Ристевски дури на 21 февруари

За разлика од Кироска и Дамјановски, Антонио Ристевски има повеќе време за аклиматизација. Тој ќе настапи дури на 21 февруари, кога на програмата е трката во велеслалом. Шест дена подоцна ќе биде дел и од трката во слалом.

Скијачите првпат со еден претставник

Во составот на Македонија првпат на една Олимпијада имаме повеќе натпреварувачи во нордиско скијање отколку што имаме скијачи. Досега вообичаено имавме повеќе претставници во алпско скијање. Сега има само еден скијач, но затоа ќе имаме и двајца олимпијци на патеките во нордиско скијање кои ги предводи поранешниот нордиец и македонски олимпиец Ѓоко Диневски.

Дамјановски трет со втора Олимпијада

Нордиецот Дарко Дамјановски ќе биде третиот олимпиец од Македонија кој по вторпат ќе учествува на Зимските олимписки игри. Тој беше дел од македонската експедиција и на Игрите во Торино.

Претходно двапати на ЗОИ учествуваа и Ѓоко Диневски и Јана Николовска.

Делегација од десетмина

Покрај тројцата натпреварувачи во македонската делегација има уште седум официјални лица. Тука се тренерите Иван Лесевски, Владимир Пановски и Ѓоко Диневски. Претседателот на МОК, Васил Тупурковски пристига во понеделник. Секретарот Сашо Поповски дојде неколку дена по олимпијците, додека директорот Владимир Богоевски е заедно со другите уште од првиот ден во Ванкувер.

РОСАНА КИРОСКА

Датум: 22 јануари 1991

Висина: 173 цм

Тежина: 62 кг

Спорт: Нордиско скијање

Дисциплина: Ќе трча на патеката од 10 км во слободен стил. Според програмата таа ќе се најде на стартот во 19 часот по македонско време (10 по локално) на 15 февруари.

ДАРКО ДАМЈАНОВСКИ

Датум: 15 јули 1981

Висина: 180 цм

Тежина: 72 кг

Спорт: Нордиско скијање

Дисциплина: Ќе настапи во трката на 15 километри во слободен стил. И неговата трка е предвидена за 15 февруари, но стартот е во 21:30 часот.

АНТОНИО РИСТЕВСКИ

Датум: 19 мај 1989

Висина: 180 цм

Тежина: 84 кг

Спорт: Алпско скијање

Дисциплини: За разлика од нордијците, тој ќе настапи во две трки. Првата е на 21 февруари на патеката во велеслалом. На еден ден пред крајот на игрите, 27 февруари ќе скија и слалом.


ДОСЕГАШНИ ОЛИМПИЈЦИ

1992 Алвербил

- Весна Дунимагловска (скијање)

1994 Лилехамер

- не учествувавме

1998 Нагано

- Ѓоко Диневски (нордиско)

- Јана Николовска (скијање)

- Александар Стојановски (скијање)

2002 Солт Лејк Сити

- Ѓоко Диневски (нордиско)

- Јана Николовска (скијање)

- Дејан Пановски (скијање)

2006 Торино

- Дарко Дамјановски (нордиско)

- Ѓорѓи Марковски (скијање)

- Ивона Ивчевска (скијање)

2010 Ванкувер

- Росана Кироска (нордиско)

- Дарко Дамјановски (нордиско)

- Антонио Ристевски (скијање)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...