Србија победник во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Србија триумфираше во Дејвис купот откако во финалето во Белград ја совлада Франција со 3:2.

Пред околу 15 илјади гледачи во Белградската Арена, Србија успеа да направи пресврт и вчерашната предност на Франција од 2:1 да ја анулира. Се почна одлично за домаќинот откако во дуелот на двајцата најдобри играчи на репрезентациите, Новак Ѓоковиќ го надигра Гаел Монфис со 6:2; 6:2 и 6:4 по сетови.

Понесен од одличната игра на „првиот рекет“, Виктор Троицки на идентичен начин го совлада Мишел Лодра во решавачкиот меч или 6:2; 6:2 и 6:3 по сетови.

Во решавачкиот дуел и двајцата селектори ги сменија играчите, а беше предвидено да играат Јанко Типсаревиќ за Србија и Жил Симон за Франција. Србија без пораз на домашен терен стигна до титулата во Дејвис купот и стана 13. репрезентација што победила во ова натпреварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...