Македонија против Шпанија во Светската лига во ватерполо

На „Олимпискиот базен“ во Скопје, вечерва во 19 часот репрезентациите на Македонија и на Шпанија ќе одиграат уште еден натпревар. Овојпат ова ќе биде дуел од рамките на 2.коло од Светската лига. По поразот во неделата од 10-6 нашите ватерполисти во кус период ќе одиграат уште еден дуел со светскиот вицепрвак Шпанија.

Македонскиот селектор Сашко Поповски за вечерашниот дуел најави поголема минутажа за помладите играчи во репрезентацијата.

- По втор пат за два дена ќе играме со силната селекција на Шпанија. Сакам во овој натпревар поголема минутажа да им дадам на помладите играчи и со тоа да ги поштедам оние стандардните кои викендов освен против Шпанија, настапија и за своите клубови во првенствените дуели, изјави Поповски пред натпреварот со Шпанија.

Во натпреварувањето од Светската лига, Шпанија во првиот дуел на домашен терен на пенали загуби од Германија со 12:11, додека Македонија во Белград беше поразена од светскиот шампион и победник на ова натпреварување Србија со 10:6.

Во вториот натпревар од групата „1“ од Светската лига во Магдебург од 20 часот играат Германија и Србија.

Србија е прва на табелата со 3 бодови, пред Германија со 2, Шпанија има 1, а Македонија е без бод.

Во другите две групи од 2.коло играат: Романија - Црна Гора и Турција - Русија („Б“ група) и Холандија - Италија и Грција - Хрватска („Ц“ група).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...