Фаворитите во втората недела на Вимблдон

Саботата беше совршен ден да се потврдат фаворитите за титулата на Вимблдон, откако актуелните шампиони Рафа Надал и Серена Вилијамс, како и првите "ловци" Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ влегоа меѓу најдобрите 16.

Австралискиот квалификант Бернард Томич даде нов лик на втората недела со најголемиот шок на машкиот турнир, со лесната победа над шведскиот петти носител Робин Содерлинг. Надал беше во лошо расположение поради повредата на ногата, но го "заврши" Жил Милер од Луксембург со 7:6/7:6/6:0 победа, додека Вилијамс, како седма носителка по нејзиниот камбек по 11 месеци пауза, го имаше најдобриот меч досега на турнирот со 6:3/6:2 "демолирање" на Русинката Марија Кириленко.

"Мислам дека сега сум попостојана и дека ја играм мојата вистинска игра. Не бев нервозна како на претходните мечеви", вели 13-кратната гренд слем шампионка.

Марија Шарапова, победничката од 2004 година, исто така е во втората недела, откако петтата носителка со 6:2/6:3 ја совлада Чехинката Клара Закопалова на Теренот број 2. Распоредот на натпреварите на најдобрите тенисерки беше тема на разговор последните денови, откако Серена и Венус Вилијамс, и светската тенисерка број 1, Каролине Возниацки мораа да играат на помалите терени. Возниацки, која се уште ја брка својата прва гренд слем титула, овојпат доби шанса на Централниот терен за лесна победа над 27. носителка, Јармила Гајдошова.

По неа на главниот терен излезе швајцарскиот маестро Федерер, кој ја брка седмата титула од Вимблдон, и имаше одличен меч да го совлада својот стар ривал Давид Налбандиан со 6:4/6:2/6:4.

Најинтересниот меч беше оставен за последен, кога Ѓоковиќ и насмеаниот Маркос Багдатис играа одличен меч. Ѓоковиќ победи со 6:4/4:6/6:3/6:4 во дуел полн со сензационални поени и едно од најспектакуларните кршења рекет на позната арена кога Србинот ги покажа фрустрациите во вториот сет.

"Останав таму и се борев за секој поен. Последните пет години тука не сум видел вакви моменти кога целиот стадион е на нозе. Тоа беше неверојатно", вели Ѓоковиќ, кој потерата по прва титула од Вимблдон ја продолжува со Французинот Мишел Лодра.

По дождливата прва недела, 125. Вимблдон Шампионат сега влегува во клучната фаза и сите состојки за одлична втора недела се тука.

"Понеделник ќе биде многу кул, бидејќи сите мажи конечно играат во исто време", вели 29-годишниот Федерер.

Томич, најмладиот тенисер во главната ждрепка, најверојатно ќе го замени Лејтон Хјуит како најдобар австралиски тенисерп о 11 години, ги освои првите четири гема против двократниот финалист на Ролан Гарос, Содерлинг за славна 6:1/6:4/7:5 победа.

Шестиот носител Томаш Бердих, човекот кого Надал лани го совлада за втората титула, исто така изгледа опасен по лесната победа над Алекс Богомолов Јуниор, резултат кој го остави Марди Фиш, како единствен Американец во ждрепката.

"Осамен сум, а чувството не е добро", вели 10. носител Фиш, кој игра со Бердих во 4. коло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...