Новак победи во финалето на Вимболдон

Откако го оствари детскиот сон и во финалето на Вимболдон го совлада Рафаел Надал со 3-1 во сетови, Новак Џоковиќ истакна дека е тешко со зборови да го опише тоа што го чувствува.

- Ова е најдобриот ден во мојот живот. Тешко е да се опише ова што го чувствувам, освен со зборовите дека за овој триумф отсекогаш сонував. Некако мислам дека сè уште сум во сон. Вимболдон е првиот турнир кој го гледав, прв кој што посакував да го освојам, изјави Ноле по победата.

Во петокот, 1-ви јули 2011-та година, Новак Џоковиќ стана првиот тенисер од 19-ти јануари 2004-та година кој се искачи на врвот на АТП листата, а тоа да не се Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Два дена покасно, на 3-ти јули 2011-та година, Новак Џоковиќ стана првиот шампион на Вимболдон од 7-ти јули 2002-та година, а пехарот да не биде во рацете на Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Новак денеска на преполниот Central Court во Лондон дефинитивно стави крај на една ера во ATP тенисот, долга скоро цела деценија. Србинот стана 25-тиот прв тенисер во светот, а детскиот сон го реализираше со триумфот пред очите на целиот свет, против актуелниот шампион, па со тоа го впиша своето име на 71-то место на вечната листа на освојувачи на Вимболдон.

Новак Џоковиќ (2) – Рафаел Надал (1) 6:4, 6:1, 1:6, 6:3

Во два дена, Новак е најголемиот ривал на Шпанецот Надал, не само оваа година, туку и во кариерата. Џоковиќ за два дена му ги одзема и двата статусни симболи во светот на тенисот. Првото место на АТП листата и круната во Лондон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...