На ЕП со три тапани, без големи знамиња!

ЕХФ во соработка со локалните организатори на шампионатот спакува "пакетче" со правила за фановите кои ќе патуваат во Србија, а кои се однесуваат на безбедноста и кодексот на однесување за време на првенството.

Не требаше да чекаме долго ЕХФ да се "истакне" во стил во кој тоа го прави кога се работи за натпревари на Балканот. Донесени се пакет мерки со правила за фановите, со кои ЕХФ и РСС ќе се обидат да спречат какви било инциденти и ситуации кои би воделе кон инцидент.

Дел од мерките се разбирливи - дел не, но очигледно ЕХФ не се чувствува премногу сигурен. Во Србија ќе доминираат по број симпатизери кои се од овие простори, публика која е побучна, темпераментна и поагресивна. Затоа побрза да им даде до знаење дека шампионатот ќе биде по "скандинавски" вкус. Дури и над тоа, толку ригорозни правила досега немало ни на ЕП ни на натпревари од ЛШ, каде било да се играат.

Сите фанови кои ќе патуваат во Србија треба да знаат дека на влезот во салата ќе има детектори и ќе бидат претресувани за да се избегне внесување на кој било од забранетите продукти, а списокот на такви не е мал.

Во сите сали ќе биде забрането внесување на запалки, метални пари, пиротехника и се што е спакувано како спреј или шишенце (парфеми, дезодоранси, лак за нокти итн.)

Забрането ќе биде внесување и на секакви течности, почнувајќи од вода, сокови и нормално алкохол. Истите, со исклучок на алкохол извесно ќе можат да се купат во салата.

Од навивачките реквизити се дозволени само 3 тапани и мегафон.

Банери, односно знамиња кои обично како транспаренти се закачуваат на трибините ќе бидат забранети. Значи, транспаренти од типот "Комити", "Чкембари" итн. нема да биде дозволено да се истакнуваат во салата. Облека со агресивна содржина, односно напис или парола е забранета.

Знамиња со огромни пропорции се забранети!

Дозволени се (по)мали знамиња, но и тие не смеат да бидат да бидат со дршка, односно барјак.

Во Србија е забрането да се точи алкохол во радиус од 1 км од салата, 2 часа пред, за време и 2 часа по натпревар. Тоа се однесува за Ниш, Белград, и Н. Сад. Во Вршац оваа дистанца е намалена на 300 метри.

На фановите кои се под дејство на алкохол, дрога, кои немаат со себе документи или се агресивни и непристојни ќе им биде забранет влез во салата. Сите сали се непушачки зони.

Јасно, ЕХФ сака да се заштити од многу работи и никој не може да им забележи за тоа. Посебно за политичкото секојдневие на овие простори. Првенствено за домаќинот се однесува ова и нивната ситуација со Косово, која често е презентирана на спортските терени преку знамиња, транспаренти и слично. Но, ни Македонија не е многу далеку од оваа ситуација. Да не заборавиме дека учесник е и селекцијата на Хрватска.

Ситуацијата со огромните знамиња е делумно разбирлива. Не знаеме што би се случило ако на пример се развее огромно хрватско знаме во белградска арена. Настрана тоа, сигурно и не се сите фанови воодушевени од идејата да се најдат под чие било туѓо знаме за време на натпревар. Но, тоа можеше да се договори и поинаку, на пример огромно знаме, со посебна дозвола да смее да се развее за време на интонирање на химна, пред почеток или по натпревар. Како било, битниот збор во претходната реченица е "договори".

Иритира како и да е, фактот што ЕХФ овие мерки ги "смисли" буквално во последен момент и ги правда со регулативи на ЕХФ и Р. Србија. Навистина за најголемиот дел од нив нема замерки. Но...

По кои регулативи се дозволени само 3 тапани и 1 мегафон?!

Вакви мерки немало на досегашните првенства, ова е првпат, а прашање е дали за наредното ЕП, кое ќе се одржи во Данска, ќе важат истите правила. Многу би сакале да бидеме сведоци на ситуација во која ЕХФ спречува да се развее огромно данско знаме во Копенхаген.

Како и да е, реченица која секој треба да ја запамети, а ја има во соопштението е: "Ќе бидат активни мерки против сите посетители и учесници кои ќе се обидат да саботираат". Со оглед на тоа на каков начин беше склопен целиот процес, веројатно така ќе бидат носени казнените мерки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...