МАКЕДОНИЈА ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ ИГРА НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

Ракометарите јa "меркаат" триумфалната порта

Четиринаесет години минаа од првиот настап на Македонија како самостојна држава до нејзиниот следен настап. Далечната 1998 во Мерано, Италија момците во жолто-црвено за првпат се појавија на европска смотра и завршија на последното место. Сега одново одат во улога на аутсајдери, но со далеку посилни скриени адути во ракавот отколку што беше тогаш. Македонија сега брка квалификации за ОИ и повторување на успехот и еуфоријата која ја донесоа кошаркарите.

Македонската репрезентација има потенцијал да биде изненадување на првенството, иако многу работи да се склопат така како што посакуваме за да се случи тоа. Реално, шансите не ни се големи ни да ја минеме првата рунда, а не да атакуваме кон медал, но ако би било се како што предвидуваат обложувалниците и експертите, спортот не би имал никаков шарм.

А за "шармирање" на ракометна Европа, Звонко Шундовски во Ниш води тим во кој има само една принудна измена. Мите Стоилов поради операцијата на коленото останува на рехабилитација во Скопје. Со тоа се менува нашата одбрана, а тоа не е мала работа затоа што токму одбраната е таа која треба да ни ја донесе клучната предност.

Играта на Македонија можеме многу слободно да ја споредиме со играта на Металург, со оглед на тоа дека најголемиот дел од репрезентативците доаѓаат од "Автокоманда". Нормално, во напад главниот збор ќе го води Кирил Лазаров, но токму тоа е тоа што секој противник и ќе го очекува и ќе биде фокусиран на тој момент. Така било досега, нема да се смени ниту сега. Сепак, има разлика.

Годинава, својата најдобра сезона гледано резултатски и во европски рамки ја играат Наум Мојсоски и Филип Миркуловски. И, ако од Лазаров очекуваме да го одигра својот дел, клучната разлика треба да ја донесе споменатиот двоец. Дали можат Наум Мојсоски и Кирил Лазаров на ист натпревар да одиграат како во клубовите? Да се надеваме дека да. Со два разиграни бека кои "до вчера" беа на врвот на листата на стрелци во Лигата на шампионите, па... би рекле дека ќе има тешки 60 минути за Шведска, Германија и Чешка.

Во оваа комбинација доаѓа и Филип Миркуловски, кој е играч кој не троши топки, специјализиран е за играње до чиста ситуација и изнудување на "вин-вин" ситуација која е гол, пенал - исклучување.

Сите тројца споменати бекови, посебно Мојсоски и Лазаров "сакаат" да играат со пикер, па Стоилов и Димовски ќе имаат многу работа на линијата.

Играта на Македонија не оди често или редовно преку крила. Неколкупати во тек на меч доаѓаме во таква ситуација, што делумно е заслуга и на самите крилни играчи, но многу повеќе на тактичката поставеност.

Од Македонија во напад не треба да се очекува убава за око игра. Ќе бидеме бавни и"здодевни" до максимум, целта е да не се трошат топки и да се бара ситуација за чист шут. Лазаров е исклучок од ова, но Мојсоски и Миркуловски, посебно против 6:0 зона, а таква играат сите, ќе добијат многу ќотек.

Ситуацијата се менува кога на лев бек ќе имаме некое друго решение. Сите други бекови ни се потрошувачи, а ниту еден нема висок процент на реализација. Барем не во континуитет. Би било убаво некој, кој било од нив да влезе во серија голови беа промашување или на стабилна игра беше техничка грешка.

Нападот не е големата грижа за македонскиот тим, посебно не кога го имаме Кирил Лазаров во игра. Одбраната е таа која треба да донесе победа.

На последното СП на кое учествувавме играч со најголема минутажа во македонскиот тим беше Владимир Темелков. Има причина што е тоа така. Без разлика што Бундес-лигата ја замени со лигата на Луксембург, за Темелков мора да има место и минутажа. Настрана тоа дека неспорно заслужил како квалитетен играч и во напад, Темелков е незаменлив во одбрана.

Факт кој го знаат сите противници на Македонија е дека Кирил Лазаров не е врвен дефанзивец. Полувремето во кое се враќа назад од страната која е блиску до клупата не е голем проблем. Се работи за чиста воиграност, а со оглед на тоа дека со години играме исто, рутина е правењето на измена. Проблем е кога измена треба да се направи а Лазаров се враќа назад од страната која е подалеку од клупата за резерва. Кога се нема време за замена, едноставно се прави ротација со која Лазаров оди на позиција 1, а Темелков кој добро игра одбрана на позиција 2 и така се браниме до погоден момент за измена или цел противнички напад. Затоа треба да очекуваме и на овој шампионат Темелков да биде долго во игра, посебно на дуелите со Германија и Чешка. Посликовито да објасниме, на пример кога во напад би биле Златко Мојсоски и Кирил Лазаров и кога Чешка би не притиснала со брзина да не може да се направи измена, тогаш на позиција 1 и 2 би останале Златко Мојсоски и Кирил Лазаров, да бранат директно на Карел Ночар и Филип Јиха. А тоа е прилично ранлива зона. Добро, во пракса не изгледа така лошо колку што од напишано може да се извади заклучок, но има за цел генерално да стане појасна улогата која ја игра Темелков во тимот.

Секој тренер, Шундовски не е исклучок, не сака да прави многу измени. Македонија во идеална позиција би правела само 1 измена, која во игра би го внела Велко Маркоски, како специјализиран дефанзивец. Тука недостасува уште еден специјализиран дефанзивец односно Мите Стоилов, кој би можел да одигра и напад покрај Мојсоски и Лазаров, без страв дека ќе потроши топка. Ангеловски и Јоноски се исто дефанзивци кои можат да завршат голема работа во одбрана, Влатко Митков исто така.

Генерално Македонија има добра одбрана, главно ако сите се внимателни не би требало да отскокнува многу од тоа што го игра Металург како одбрана. А македонскиот шампион годинава во просек примаше по 5 гола во првите 20 минути од тимови кои не се (многу) послаби од тие со кои ќе се сретнеме на шампионатот.

Но, Металург го има и Станиќ како голман кој во просек имаше 15 одбрани по натпревар, голем дел од нив во важни моменти. Сега Ангелов и Ристовски треба да дојдат до таа бројка, дека можат - можат. Ќе им треба инспирација, а покрај сите мотивациски елементи ќе имаат и 3000 свои навивачи во живо и цела држава зад нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...