Металург триумфира против Висла

Македонскиот првак Металург постигна победа од 24:20 на гостувањето кај Висла во Плоцк во натпревар од 9.коло од Ц групата.

Во текот на целиот натпревар се водеше изедначена борба, а на крајот Металург имаше повеќе расположени поединци и сосема заслужено ја постигна петтата победа во групата.

Со овој триумф екипата од Автокоманда ги задржа шансите за второто место во групата. Најефикасни кај Металург беа Жарко Марковиќ со 8 голови и Миладин Козлина со 7. Голманот Дарко Станиќ имаше 20 одбрани.

По девет одиграни натпревари во Ц групата води Хамбург со 17 бодови, Металург е втор со 12, Копер има 11, Висла 7, Санкт Петербург 5, а последна е Констанца со 2.

Во последното 10.коло од групата на 26.февруари Металург во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ја пречекува германската екипа Хамбург.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...