Бод со Хамбург, круна на добрите игри

Викендов завршува групната фаза од натпреварите во Лигата на шампионите во машка конкуренција. Битката за ТОП 16 е во финишот, енигма има само во групата "Б" по прашање имињата на екипите кои ќе играат во следната фаза, додека во другите групи се познати учесниците во нокаут фаза, единствено што ќе се одлучува викендов е која екипа од која позиција ќе стартува во наредната фаза, односно во кој шешир ќе се најде на 28 февруари во седиштето на спонзорот на Лигата, во Копенхаген.

Системот на одредува на носители е познат. Екипите кои ќе се пласираат на првото место во групата ќе бидат во шеширот со број 1 и за противник ќе добијат екипа која ќе го освои четвртото место во групата.

Екипите кои ќе бидат второпласирани за противник ќе добијат екипа која била трето место. Предноста реванш натпреварот да го играат на домашен терен ќе го имаат екипите кои ќе завршат на прво или второ место.

Во ждрепката нема да можат да се состанат единствено екипите кои играле во иста група. Така Хамбург нема да може да биде противник на Висла, односно нема да има нов дуел меѓу Металург и Цимос Копер во ТОП 16 фазата.

Поради ваквиот систем на натпреварување многу е важно која екипа ќе биде на кое место.

Сосема поволни шанси на трето место во групата "А" да заврши Савехов од Шведска и таа е екипа која ја "ловат" сите второпласирани тимови. Битката за бод в недела во Скопје која Металург ќе ја води со Хамбург има за цел да го однесе македонскиот тим до второто место и по тоа би почнале "молитвите" за Савехоф да биде нареден противник. Реале Адемар е екипа која сигурно е трета во групата "Д", а во групата "Б" ништо не се знае.

Евентуално трето место, за потенцијален противник го носи Загреб, поразениот од дуелот Копенхаген - Кил и екипа од групата "Б".

Резултатите, односно 12-те освоени бода во Лигата на шампионите и одличната сезона која ја има и во СЕХА лигата прават амбиент во кој фановите на Металург очекуваат триумф и во недела. Не е невозможно, ниту нереално, но не смееме да занемариме или заборавиме дека неделниот противник на Металург е актуелниот првак на Германија. Хамбург и годинава има загубено само на 4 натпревари од вкупно 20 одиграни натпревари во моментов е трет, зад непоразениот Кил и со само бод негатива во однос на Фуксе Берлин.

Хамбург до 10 март и дуелот со Флензбург треба да одигра уште три меча, не сметајќи го Металург. На 29 се среќава со Ауе, на 4 март со Хутенберг и на 7 март со Бергишер. Не се премногу тешки противници, но, сепак, е серија натпревари за која треба сила за да се одигра и на 10 март со четвртопласираниот Флензбург да биде во полна сила.

Но, загубениот бод на Хамбург во Лигата на шампионите на мечот со Копер е моментот кој ги искомплицира сите работи за Металург. Сега Металург мора да дојде до бод, Хамбург нема да сака сигурно двапати по ред да се посрамоти. Па очекуваме да бидат расположени за игра Германците. Покрај тоа, во бучна сала во која ќе има 7000 гледачи сигурно ќе сакаат да остават впечаток и гостите.

За тимот на Хамбург нема потреба многу да се говори. Познати имиња на секоја позиција и тоа не по еден туку по двајца.

Хенс и Лацковиќ, Лијевски и Вугринец, Дувњак, Краус и Гијом Жил на бековските позиции. Вори и Бертран Жил на Линијата, Бојтлер и Битер на голот, понатаму Јенсен. Шродер, Линдберг и Флор на крилните позиции. Накратко, 16 екс и акетулни репрезентативци на Германија, Данска, Полска, Словенија и Хрватска. Екипа против која никој со чест на исклучоци како Кил, Атлетико или Барселона не можат да кажат за себе дека би биле фаворити и тоа единствено кога играат на домашен терен. Првиот меч заврши со релативно лесен триумф на Германците, но македонските ракометари сега велат дека иако без Ракчевиќ, сега нема да го преценуваат гостинскиот состав, дека имаат многу поголема самодоверба и дека овој меч нема да биде ни налик на средбата во Хамбург.

Металург денеска ќе ја одржи прес-конференцијата која ќе биде збогатена и со промоцијата на новата клупска химна, навивачкиот дрес и шал. Билетите за натпреварот се продадени уште пред 10 дена и скопската арена ќе биде преполна за неделниот дуел.

На Металург по неделниот меч, како и да заврши му преостануваат дуелите од СЕХА лигата и подготовките за Топ 16 дуелите. Тие средби ќе се играат во март, периодот е 14-18 март за првата средба и 21-25 за реванш натпреварите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...