"Подгответе се за инфаркт мечеви"

Македонската репрезентација од денеска е во Гетеборг, градот во кој викендов ќе се играат квалификациите за Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Лондон. По двата порази на ватерполистите со кои ги сведоа шансите за пласман на ОИ во теорија, сега сите погледи се насочени кон тие од кои и најмногу се очекува - ракометарите.

Финалното одбројување е почнато. Играчите се веќе во Шведска, "фалангата" е на пат кон "Скандинавиум", се чека само петок и првиот дуел од квалификацискиот циклус на кој за првпат ќе се појави македонскиот тим.

Тимот не е без проблеми, отсуствуваат Мите Стоилов и Владимир Темелков. Два играчи поради кои ќе се "измеша" македонската одбрана. Ќе имаме можност, сакале или не да гледаме комбинации и ротации на кои не сме навикнале. Но, избор нема ниту Шундовски, ќе се обиде да состави зона со тоа што го има на располагање.

Еден од ракометарите кои ќе го гледаме почесто на теренот со специфични дефанзивни задачи е Бранко Ангеловски, бекот на Констанца, искусен играч кој е дел од македонскиот тим уште од јуниорските денови. Ќе ја има позицијата "два" во одбрана, едно од клучните места во зоната. За среќа за нас, тоа е за него добро позната задача. Ангеловски впрочем како и сите други, очекува Македонија летово да се појави во Лондон. Велат и патувањето од илјада милји почнува со еден чекор. Првиот за Македонија е репрезентацијата на Унгарија.

"Унгарија има силен тим, грото на репрезентативци се играчи на Веспрем, екипа која стандардно е во европскиот врв со години наназад. Јас така и се подготвувам за дуелот со нив, базирано на тоа што го играат во Веспрем.

Тоа е прв натпревар, меч кој ќе ги насочи квалификациите во правец кој ни одговара или пак ќе биде сосема спротивното.

Со победа ќе бидеме блиску до пласман на Олимписките игри. Не треба да навлегувам во детали што тоа значи. Шанса да станеме првите македонски репрезентативци кои отишле на Олимпијада. Сонуваме за такво нешто веројатно од почетокот на нашите репрезентативни кариери. Имаме шанса сега и којзнае кога повторно ракометот ќе биде во ваква позиција. Сите сме свесни за тоа. Нормално, свесни се и нашите противници и тие се во позиција каква што сме и ние и никој ништо нема да пропушти на случајот.

Очекувам сите мечеви да бидат на 'нож'. Ние не сме репрезентација која може да направи голема разлика против Шведска и Унгарија и да им обезбедиме на гледачите релаксирано гледање на натпревар. Затоа им порачувам на сите навивачи да се подготват за инфаркт натпревари во кои победникот ќе се решава во последните секунди. Се надевам дека ние ќе бидеме на крајот тие кои ќе слават. Во секој случај, ќе биде голема борба до последен момент, на секој натпревар, тоа можеме да го ветиме сите", вели искусниот бек Бранко Ангеловски.

"Реков, Унгарија е тим сличен на Веспрем. Имаме со нив негативен скор. Имаме ненаплатено долгови од три квалификациски циклуси. Посакувам најмногу од се, сега во Гетеборг да им вратиме за тие елиминации и да го израмниме скорот. Така беше со Исланд, се сеќавате и Чешка. Токму Чешка беше виновник за двата најголеми порази на македонската репрезентација. Па кога најмногу ни требаше, ги победивме. Посакувам да се повтори "чешката" приказна и на дуелот со Унгарија. Ние сме хендикепирани со повредата на Темелков, но и тие со повредата на Иљеш, дури мислам дека тие повеќе загубија со таа повреда. Прв натпревар е, ќе бидеме свежи и ние и тие. Тежок меч, но тогаш ќе се одлучи практично се. Дали ќе оидиме по полесниот или по потешкиот пат. Постојат математики со кои и со 2 бода може да се оди на Олимпијдата, но јас би сакал веќе првата шанса да ја искористиме и да не оставаме ништо на милост и немилост на противниците.

Со Шведска игравме на ЕП. Можевме да победиме, можеа и тие. Сепак, чувствувам дека останавме должни за таа победа на нашите навивачи. Сега , нормално под потешки услови и во околности кога тие се домаќини ќе одиме на нова пресметка со нив. Си ја знаеме силата, се надевам дека се ќе биде фер на терен и дека ќе имаме рамноправна шанса да покажеме дека ЕП не било случајност.

Бразил не смееме да го потцениме никако. Различни стилови сме на игра, ќе мораме да бидеме внимателни. Не смееме заради тоа што не ни се пред очи и што не ги гледаме по нивните играчи во Европа да мислиме дека се аутсајдери. Тоа е тим кој може да направи проблем, посебно ако не бидат сфатени доволно сериозно и не се влезе на дуел со нив со максимална концентрација.

Слушавме најави дека во Гетеборг ќе има над 5000 наши навивачи. Тоа е за поздравување, поддршката ни е потребна на секој чекор од нашите навивачи. Со таква поддршка, не знам.., не треба ни да се зборува, секој од нас чувствува потреба да излезе и да даде се од себе за победа и за радост на тие луѓе кои се одлучиле да се кренат на толкав пат за да не бодрат. Не смееме ни да замислиме да ги изневериме нивните очекувања", вели Ангеловски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...