Денеска се води првата битка за Лондон

Се бројат часовите до првиот меч од квалфикациите за ОИ Лондон. Македонија попладнево (14:45) во Гетеборг оди на мегдан со Унгарија.

Прво коло и веднаш се или ништо натпревар. Нормално, на хартија. Унгарија и Македонија важат за репрезентации кои треба меѓусебе да одлучат кој ќе биде втор. Првото место во нагаѓањата е резервирано за Шведска, последното за Бразил.

Но, ниту ослабената Шведска е толку голем фаворит, уште помалку Бразил толкав аутсајдер. А Македонија и Унгарија секако ќе мора да се видат уште еднаш и да видиме овој пат каков ќе биде епилогот. Унгарците досега секогаш биле подобри, но во овој момент Македонија е на својот врв, тие веќе не се.

Од македонската репрезентација би можеле да очекуваме на терен да го игра во суштина истото што го играше во напад на шампионатот во Србија.

Промените се генерираат од одбраната, односно од неиграњето на Владимир Темелков. Многумина се најдоа изненадени што на место на повреденото десно крило место да биде повикан друг леворак, крилен играч (најчесто споменуван беше Гоце Георгиевски), беше приклучен пикерот Никола Маркоски.

Но, постои логично објаснување за ваквата одлука на селекторот.

Одново, одбраната е таа поради која е направен овој чекор. Имено, главната улога на Темелков во репрезентацијата беше играњето на позиција број два во одбрана, додека Лазаров, кој не е дефанзивец, играше на позиција "1". Без Темелков, односно дали со Златко Мојсоски или Гоце Георгиевски ова е неизводливо. Солуции за селекторот Шундовски нема. Очекуваме, односно најлогично е основната варијанта да биде Влатко Митков на позиција десно крило, за може веднаш да се врати на позиција "два" во одбрана. Така губиме во (контра)напад, но добиваме на одбрана. А и ако се земе дека од позиција играта на Македонија не се базира на крилата, тогаш нема да видиме во збирот голема разлика. Во полувремето во кое Лазаров ќе се менува од поблиската страна, пак, очекуваме Златко Мојсоски да биде во напад, а во одбрана на "двојка" ќе "ротираат" Митков, Ангеловски и Миркуловски. Сето ова е нормално претпоставка, поставата и поставеноста ја знае единствено селекторот, едноставно целта е да посочиме кои се варијантите кои досега не сме ги гледале, а кои можат да ги збунат гледачите.

Затоа и селекторот не се одлучи да повика ново десно крило затоа што е попотребен квалитетен дефанзивец.

Но, со играње на Темелков во Луксембург ќе мора да се бара поинаква солуција за во иднина, подолгорочно решение.

Приклучувањето на Никола Маркоски е добро и за позицијата пивот во напад и за одбраната. Стоилов по ЕП имаше пауза и малку натпревари, Димовски има променлива минутажа во Металург. Тука би влетал Маркоски доколку се покаже потреба за такво нешто. Единствено што не се вклопува во оваа приказна е што ниту на ЕП ниту на контролните со Романија не се играше ова. Нормално, сето ова може и да не изгледа вака, но што поголемо отстапување од споменатот, ќе донесе повеќе измени ротации...

Генерално значи, освен споменатото, нема да има преголеми отстапувања од тоа што се играше во Ниш и Белград. Очекуваме одбраната да биде таа која ќе го држи балансот. Тука, тимот ќе профитира од тоа што се работи во Металург затоа што главните дефанзивци одиграа одлична сезона и тоа заедно, во Лигата на шампионите и се во добар ритам. Ќе мора исклучително да се внимава на шутевите од дистанца на плејмејкерот Габор Часар и Карлос Перез. Кубанецот со своите речиси 42 години можеби не е играч кој ќе биде на терен 60 минути, но кога треба, во критичните моменти, тој е и тоа како употребливо оружје. Унгарците често се одлучуваат од дистанца да ги решаваат нападите, а тоа може да се сврти против нив. Македонија е спротивно од тоа. Дистанцата е за Лазаров, а тој во тој сегмент е еден од најдобрите во светот, а сите други играчи играат до чиста ситуација за шут, што значи и минимална потрошувачка на топки, но и многу "изеден" ќотек и потрошена сила. Асистенциите за пикерот се исто главно задолжение на Лазаров, но Мојсоски/Миркуловски и Димовски исто имаат разработено шеми кои проаѓаат. Крилата... е тоа е веќе ситуација која овде се провлекува со години. Немаме систем на игра каков што гледаме посебно кај Скандинавците, играта да ја рашират и да бараат реализација од крилните играчи. Одвреме навреме ќе добијат употребливи топки, но главно сме фокусирани на надворешната линија.

Унгарија ќе биде можеби и во поголеми проблеми. Тие во квалификациите лесно излегоа со нас на крај во Скопје, малку потешко им беше во Веспрем. Имаат цврста одбрана низ која тогаш не можеа да се пробијат ни Мојсоски ниту, пак, Миркуловски. Но, тогаш во тимот го немаше Лазаров, па сега ќе мора вниманието да ги насочат кон него, што ја отвори повеќе простор и за другите бекови и за крилата. Мочаи го имаше Ференц Иљеш подготвено да игра одбрана на Лазаров, но тој се повреди и сега и тие ќе мораат да ротираат во дефанзивната формација.

Македонија ќе мора да прави побрз пренос на топка за да спречи нивната одбрана да се мести по вкус на селекторот Мочаи. Во зависност од што ќе одлучат да играат, кога ќе мораат да менуваат играч-чувар на Лазаров од подалечната страна треба да бидат нападнати да се им се направи притисок и да се направат дупки во нивниот бедем. Мочаи сигурно ќе направи посебен план за запирање на Лазаров. Можеби ќе видиме човек задолжен да излегува на него можеби и "фластер" и тоа уште во рана фаза. Нема многу тајни Лазаров пред нив, меѓу Унгарците мина 5 сезони и добро го познаваат. Но, и тој ги познава нив.

Унгарија за овој турнир покрај Иљеш ќе ги нема ниту Тамаш Иванчик, кој повреден по тоа Корнел Наѓ, а од порано во тимот не се Ѓула Гал и Ласло Наѓ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...