Македонските ватерполисти на чекор до Олимпијадата

Македонската ватерполо репрезентација од пласман на Олимпијадата во Лондон ја дели само една победа, откако ноќеска во последниот натпревар од групата А ја победи Германија и обезбеди четвртфинале на олимписките квалификации кои се одржуваат во Едмонтон, Канада.

До победата над Германија од 6:4 македонските репрезентативци стигнаа со убедлива игра во третата четвртина кога постигнаа 4, а примија само еден гол. Резултатот по четвртине беше 0:2, 2:1, 4:1 и 0:0.

Најзаслужен за оваа победа беше голманот Милош Маринковиќ со 16 одбрани, додека најефикасен беше Мирослав Ранџиќ со 3 голови, а по еден постигнаа Матео Чук, Срѓан Аксентиевиќ и Петар Ивошевиќ.

На другите две средби од 5.коло во оваа група постигнати се следниве резултати: Грција - Холандија 14:5 и Црна Гора - Романија 14:8.

Табела: Црна Гора 10 бодови, Романија 6, Грција 6, Македонија 4, Германија 4 и Холандија 0.

Противник на Македонија за пласман на ОИ ќе биде репрезентацијата на Шпанија која го освои првото место во групата Б.

Шпанците ноќеска го победија домаќинот на турнирот Канада со 9:6. Во втoриот натпревар од последното коло во оваа група, Бразил и Турција одиграа нерешено 11:11. Слободна беше Аргентина.

Табела група Б: Шпанија 8 бодови, Канада 6, Бразил 3, Турција 2 и Аргентина 1.

Покрај натпреварот Шпанија - Македонија кој ќе се одигра вечерва еден часот по полноќ, во другите четвртфинални дуели ќе играат: Црна Гора - Турција, Романија - Бразил и Грција - Канада.

Четирите најдобри репрезентации од овој турнир ќе учествуваат на Олимписките игри во Лондон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...