Македонска инвазија на Гетеборг

Македонски навивачи ќе го преплават Гетеборг во текот на предолимпискиот ракометен турнир кој започнува денеска во арената „Скандинавиум“. Според податоците со кои располага Ракометниот сојуз на Шведска, на натпреварите од 6 до 8 април се очекуваат 4.200 македонски навивачи и фанови.

Шведска се среќава со Македонија утре, но прашање е кој тим ќе добие најголема поддршка од трибините во „Скандинавиум“, домаќините или македонската репрезентација.

- Ни останува само да се надеваме дека шведската публика ќе си го направи своето, вели Франк Стром при Ракометниот сојуз на Шведска.

На Европското првенство во јануари годинава - пишува „Свенска дагбладет“ - бројните и бучни македонските навивачи создадоа енормен притисок врз мечевите, а што несомнено придонесе Македонија да направи изненадување со пласман на петото место на турнирот.

Одговорните во „Скандинавиум“ очекуваат во текот на предолимпискиот турнир, кој, значи, ќе трае до недела, да се продадат вкупно околу 23.000 влезници. Максималниот капацитет на „Скандинавиум“ за сите три дена би можел да биде преку 33.000 навивачи на трибините. Но, со оглед на тоа дека денеска во Шведска започнуваат Велигденските празници, за очекување дека многумина ќе се определат и за други активности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...