Спортски сума сумарум - Со мислите во Гетеборг, со срцата во Лондон

Македонската ватерполо репрезентација не успеа да го реализира најголемиот успех во историјата на домашниот репрезентативен спорт – пласман на Летните олимписки игри 2012 во Лондон, откако во решавачката четвртфинална пресметка на предолимпискиот турнир во Едмонтон загуби од селекцијата на Шпанија со 7-11 (3-2,0-3,1-3,3-3).

Македонија остана без пласман на Олимпијадата, денеска и утре ќе разигрува единствено за место од 5. до 8. позиција на квалификацискиот турнир, со потврда дека сепак Шпанците се преголем залак и за овој нов македонски ватерполо состав.

Македонската машка ракометна репрезентација беше поразена од репрезентацијата на Унгарија со резултат 26-28 во првиот квалификационен натпревар за пласман на ЛОИ во Лондон кој се одржа во Скандинавиум салата во Гетеборг.

Кошаркарскиот тим на Олимпиакос во кој настапува и македонскиот репрезентативец Перо Антиќ избори пласман во „Фајнл фор“ турнирот во Евролигата кој од 11 до 13 мај ќе се одржи во Истанбул.

Покрај Олимпиакос пласман изборија и Барселона, Панатинаикос и ЦСКА Москва.

Во фудбалската лига на шампиони ги добивме и полу- финалистите во оваа сезона од престижното натпреварување. Реал- Мадрид со вкупен резултат 8-2 од двата натпревари го елиминира АПОЕЛ Никозија во која настапува и нашиот Иван Тричковски. Барен Минхен го елиминира Олимпик Марсеј со 4-0 вкупен резултат, а Челзи се изнамачи, но исто така се пласира во полу- финалето.

Манчестер Сити во англиската премиер лига е во незавидна ситуација откако градскиот ривал Манчестер Јунајтед е 5 поени пред „граѓаните“ и на добар пат да ја одбрани титулата во Премиер лига.

Првите две трки од новата сезона во Формула 1 беа извозени. На воведната трка за ГН на Австралија на подиумот се искачи Џенсон Батон од тимот на Мекларен Мерцедес а на втората за ГН на Малезија победник беше Фернандо Алонсо од Ферари.

Тенисерот Новак Ѓоковиќ го одбрани трофејот во Мастерс турнирот во Мајами, од минатата година откако во финалето го порази Енди Мареј со 6–1, 7–6 (7–4) во сетови. Кај дамите Викторија Азаренка со 7–5, 6–4 ја победи Марија Шарапова и триумфираше но финалето од Мастерсот во Мајами.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...