Ракометарите поразени од Шведска, загубени шансите за пласман на ОИ во Лондон

Македонската ракометна репрезентација попладнево го загуби натпреварот против селекцијата на Шведска со 27:23, што практично значи губење на шансите за пласман на Олимписките игри во Лондон.

„Црвено-жолтите“ во рамки на предолимпискиот турнир во Гетеборг, вчера беа поразени и од репрезентацијата на Унгарија.

Најефикасен во македонскиот состав на денешниот натпревар беше Филип Миркуловски со 5 постигнати голови, додека на спротивната страна осум голови постигна Ким Андерсон.

Македонија со денешниот меч ги загуби шансите за пласман на ОИ, додека домаќинот Шведска и репрезентацијата на Унгарија имаат по две победи и обезбеден пласман на Олимпијадата. Утре против Бразил, избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски ќе се обидат да го завршат турнирот на третото место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...