Металург со победа ја почна сезоната во ЛШ

Македонскиот шампион Металург со победа ја почна новата сезона во Лигата на шампионите откако вечерва на гости кај Шамбери постигна победа од 33:30 (15:13).

Во текот на целиот натпревар македонскиот шампион имаше контрола над резултатот и над играта и сосема заслужено ја запиша првата победа. Најубедливата предност Металург од шест голови ја имаше во 50. минута 31:25, која до крајот успеа да ја задржи.

Најефикасни на натпреварот беа Наумче Мојсовски и Дејан Манасков со по 7 голови, додека Дарко Станиќ имаше 11 одбрани.

Следниот натпревар во Лигата на шампионите Металург ќе го одигра на 6 октомври во рамките од 2. коло кога во Скопје ја пречекува екипата на Горење.

На другите натпревари од Ц групата: Горење – Санкт Петерсбург 35:22 и Киелце – Силкеборг 35:26.

Вчера настапи и Кирил Лазаров, но неговата екипа Атлетико Мадрид во реприза на ланското финале загуби дома од европскиот првак Кил со 27:32. Лазаров постигна 7 голови.

На другите натпревари од 1.коло беа постигнати следниве резултати:

А група: Флензбург – Монпеље 37:37, Чеховски Медведи – Партизан 38:31 и Адемар – Хамбург 26:28.

Б група: Савехоф – Констанца 35:31, Веспрем – Цеље 32:22 и Атлетико Мадрид – Кил 27:32.

Д група: Шафхаузен – Барселона 23:32, Загреб КО – ПИК Сегед 30:27 и Берлин – Динамо Минск 29:25.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...