Вардар Про со звукот на сирената го победи Металург

Македонскиот вицешампион Вардар Про, ја доби дерби пресметката со македонскиот шампион Металург во 8. коло во Регионалната СЕХА Лига. Избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ со последниот свиреж на судијата успеаја да ги победат “металурзите” со 27:26. (17:14). Прибак, беше ракометарот кој направи чудо во СРЦ Кале. Тој со удар од девет метри успеа да го совлада голманот на Металург, Никола Митрески ( кој застана на голот во 9. минута откако Дарко Станиќ доби црвен картон) и да му ја донесе многу посакуваната победа на Вардар.

Како и секоја пресметка на овие два клуба и ова мина во тензична атмосфера што ја направија навивачките групи на тимовите. Натпреварот започна со задоцнување од десет минути, вардарци одлично го отворија натпреварот и уште на средина од првото полувреме направија солидна предност од четири голови (12:8). До крајот на полувремето црвено - црните ја одржуваа разликата и на одморот заминаа со предност од три голови (17:14)

Во вториот дел избраниците на Веселин Вујовиќ продолжија во ист ритам, а веќе во 39. минута имаа предност од седум голови (21:14). Металург, во второто полувреме не успеа да постигне гол десет минути. Мразот го скрши Ракчевиќ во 40. минута. Од овој момент “металурзите” почнаа да играат поцврсто, а тоа го направи понеизвесен овој меч. До точката на вриење дојде на неполна минута до крајот кога металурзите израмнија на 26:26. Но, “вардарци” го имаа последниот напад, а и среќата на нивна страна, така што Прибак го реши мечот со удар од девет метри.

Најефикасен во редовите на Вардар Про беше Марковиќ со десет голови, а во тимот на Металург прва виолинa беше Ренато Вугринец со седум погодоци



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...