Тренерот на Металург, Лино Червар по добивањето на македонско државјанство проговори и во хрватските медиуми за животот во Скопје.
-Уживам во Скопје. Тука сум три и пол години и ме чуваат како капка на дланка. Се чувствувам како дома. Добивањето на македонскиот пасош како чест и почитување за се што сум направил за ракометот. Во Македонија ме прифатија како свој, и не е мала работа државјанството. Не ги делат туку така. Многу ме трогна тој чин и мислам дека е искрено почитување за тоа што го направив и што ќе продолжам да го правам, изјави Червар за Index.hr.
За Македонците и животот во Македонија тој изјави:
-Тие се горди и достоинствени. И покрај проблемите тие се оптимисти. А што се однесува до храната, скарата е одлична но, тоа што ме воодушеви се предјадењата. Сите врсти на салати, се е еколошко. Кога јадеш домат, има вкус на доматот од детството. Па сите ајвари, пинџури, свежи сирења, ма рапсодија на вкусови, заврши Червар.