Шпанија нов светски првак во ракомет

Репрезентацијата на Шпанија е новиот светски ракометен шампион. „Црвената фурија“ вечерва во Барселона во салата „Палау Сант Жорди“ во финалето на 23.от Мундијал убедливо ја победи селекцијата на Данска со 35:19.

Одличното прво полувреме на шпанските ракометари, ефикасната игра во нападот и цврстата одбрана, седум контранапади со пет реализации, за разлика од противникот кој немаше ниту една контра, резултираа со 18 дадени и само 10 примени голови што беше преголем предизвик да се избегне поразот дури и за европскиот првак Данска.

Вториот дел почна со гол за Данска по што следуваше серија од 8:0 за домашната селекција. Во 35.минута семафорот за првпат покажуваше двоцифрена разлика 21:11, а во 40.минута шпанските ракометари имаа 26:11. Катастрофата не ја сопре ниту тајм-аутот земен од данскиот селектор во раната фаза на второто полувреме. Највисоката предност за Шпанија изнесуваше плус 18 во 54.минута кога резултатот беше 33:15.

Шпанците до трофејот на првенството на кое беа домаќини остварија биланс од 8 победи и само 1 пораз. Ист таков ефект имаат и Данците, но поразот, за разлика од Шпанија која го претрпе во групната фаза, ги чинеше златен медал.

За Шпанија ова е втор златен медал од Светските првенства по триумфот во 2005 година. Бронзениот медал го освои Хрватска откако вчера во „малото финале“ ја победи Словенија со 31:26.

И Македонија учествуваше на овој шампионатот и заврши на 14.место.

Следното светско првенство ќе се одржи по две години во Катар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...