Металург во Велење по второ место

Со реми или победа Металург ќе биде на чекор до остварувањето на најголемиот клупски успех.

Само еден ден го дели Металург од меч кој може да му го резервира второто место во групата во Лигата на шампионите, што ќе претставува најголем клупски успех во ова натпреварување за македонските екипи.

Утре, во „Рдеча дворана“ во Велење, македонскиот шампион силите ќе ги одмери со екипата на Горење, првак на Словенија.

Металург на овој меч доаѓа по пораз во СЕХА лигата од БГК Мешков. Горење, пак, е во залет. На дербито го прегазија Цимос Копер (35:28) и полни со самодоверба го чекаат дуелот со македонскиот првак.

Првата средба која се играше во Скопје заврши со победа од 30:23 за Металург, што значи дека на македонскиот тим начелно му одговара и пораз до 6 гола. Но, Лино Червар и македонскиот тим во Горење одат по реми или победа која практично ќе значи дека во следните две кола сами ќе одлучуваат на која позиција ќе заврши тимот.

Евентуален пораз на Металург, без оглед од колку разлика, на Горење ќе му даде шанса во последното коло со победа над Киелце да избие на второто место, независно од резултатите на Металург. А ако се земе предвид дека Киелце нема да ги има во тимот Чупиќ, Штрлек, Бунтиќ... тогаш победа на Горење на таа средба не е нешто незамисливо.

На Металург му треба добар резултат и за враќање на доброто ракометно расположение во Македонија. Со настапите на репрезентациите на ЕП во Србија и СП во Шпанија и долгата пауза избледе амбиентот во кој се исчекуваа натпреварите во Лигата на шампионите. Сега на Металург одново е ред да ги врати ракометните љубители во прв момент пред ТВ приемницте, а по тоа на 24 февруари и во „Борис Трајковски“.

Овој дуел има специфична тежина за два играчи на Металург. Словенците Миладин Козлина и Ренато Вугринец, кои по подолго време одново ќе играат пред своите сограѓани.

Сигурно нема да имаат симпатии кон Горење, ниту, пак, истото го очекуваме од словенечката публика. Не само затоа што се во сино-бело туку и што двајцата се бивши играчи на Целје Пивоварна Лашко, еден од најлутите ривали на Горење.

„Очекувам натпревар со многу физички контакти. Горење ќе игра брзо, ќе се обиде да нé наттрча. Дома се многу поопасни отколку на гости. Но и ние имаме свои квалитети и ќе дадеме сé за да стигнеме до поволен резултат“, изјави Ренато Вугринец за официјалната страница на клубот.

Прашањето на кое желно се чека одговорот е колку паузата поради настапот на репрезентативците на СП ќе се одрази врз играта во клубот. Посебно затоа што ниту еден од Металурговите репрезентативци не мина резултатски добро во Шпанија, за разлика од тие кои играат во Горење, а стигнаа до полуфиналето на СП.

Словенците ќе ја добијат улогата на фаворит, поради домашниот терен, поради тоа што би требало да се во подобра состојба од Металурговите играчи



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...