Алушевски очекува победа за крај на дведецениската кариера

Македонската ракометна репрезентација в недела против Португалија ќе го игра последниот квалификациски натпревар за евро-шампионатот во Данска. Овој дуел ќе биде проштален за крилниот играч Стевче Алушевски кој повеќе од две децении го носеше црвено-жолтиот дрес.

- Горд сум што 21 година активно го носев дресот на македонската репрезентација. Секогаш за националниот тим играв со голема љубов, посветено и максимално ангажирано. Се надевам дека на последниот мој репрезентативен настап в недела ќе победиме и Македонија ќе се пласира на ЕП, истакна Стевче Алушевски на последното свое обраќање на една прес-конференција како активен играч.

Добра игра и позитивен резултат како продолжение од успешниот настап против Швајцарија во Цирих очекува и селекторот Ивица Обрван.

- На добар пат сме да избориме учество на ЕП, а дуелот со Португалците е убава можност Алушевски на еден врвен начин, достоинствено и во славеничка атмосфера да ја заврши долгата и богата репрезентативна кариера. Пред нас е задачата да го валоризираме постигнатиот резултат во Цирих до кој дојдовме со добра игра во одбраната и со огромна помош од нашите навивачи од Швајцарија за што им сум многу благодарен.

Обрван потенцира дека Португалија никако не смее да се потцени и без создавање на голема еуфорија и покрај фаворитската улога, Македонија да дојде до посакуваната цел, а тоа е како што рече, победа макар и со еден гол разлика.

- Мораме да дадеме се од себе. Не не интересира премногу естетскиот момент во играта. Очекуваме поддршка од трибините и со прикажување на тоа што го знаеме на најдобар начин, со добра одбрана, контри и полуконтри да ги оправдаме очекувањата. Португалија има квалитетен пивот, неколку добри шутери и знае да биде незгоден противник. Наше е да ги пронајдеме нивните слаби точки, а верувам дека ќе успееме во тоа, рече хрватскиот стручњак кој е предводник на Македонија.

Натпреварот Македонија - Португалија ќе се одигра в недела со почеток од 20 часот и 30 минути во СЦ Борис Трајковски во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...