Надал со голем пресврт до полуфинале во Пекинг

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во кинескиот главен град Пекинг, со голем пресврт во мечот против Фабио Фоњини (Италија).

Шпанецот победи со 2:1 - по сетови 2:6, 4:6 и 6:1.

Во првиот и во поголемиот дел од вториот сет Италијанецот беше подобар противник. Во првиот сет направи три брејка, а во вториот водеше со 4:1 и шанса за 5:1, но не ја искористи таа топка и тој момент како да беше решавачки за да се случи пресвртот.

Надал ги доби ги доби петте гема во вториот сет, а во решавачкиот на противникот му препушти само еден.

Противник на шпанскиот тенисер во полуфиналето ќе биде Томаш Бердих (Чешка) кој предмалку го победи Џон Изнер од САД со 2:0 - по сетови 7:5 и 6:2.

Попладнево се играат четвртфиналните мечеви Давид Ферер (Шпанија) - Ришар Гаске (Франција) и Новак Ѓоковиќ (Србија) - Сем Квери (САД).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...