Ѓоковиќ по четврти пат триумфира во Пекинг

Пекинг, 6 октомври 2013 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои четвртата последователна титула на АТП турнирот во кинескиот главен град. Тој денеска во финалето го совлада Рафаел Надал (Шпанија) со 2:0 – по сетови 6:4 и 6:3.



Ѓоковиќ досега нема загубен меч на турнирите во овој град.

И покрај денешната победа, Србинот од утре ќе му го препушти врвот на Светската листа на шпанскиот тенисер кој имаше извонредно успешна година по враќањето на терените по повредата на колената.

Најдобрите светски тенисери кои се наоѓаат на далечниот Исток и кои викендов играа на турнирите во Токио и Пекинг и следната недела остануваат на азискиот континент каде ги очекува АТП Мастерсот во Шангај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...