Вардар е наш противник, но не и непријател

Многу пофални зборови упати тренерот на Металург Лино Червар на денешната прес-конференција за најголемиот ривал во македонскиот ракомет, тимот на Вардар за кого рече дека е голем спортски ривал ама не и непријател.

Овие два клуба в четврток за првпат ќе одиграат натпревар во Лигата на шампионите.

- Градот Скопје во четврток ќе биде ракометен центар на Европа. Тука ќе се одигра вистинско дерби во Лигата на шампионите. Атмосферата се подига на ниво, но некои сакаат да создадат тензија како да се работи за непријателска пресметка. Ние од Металург, како домаќини на овој дуел, Вардар го очекуваме како голем спортски ривал, а не како непријател, изјави хрватскиот стручњак и додаде дека ја почитува целта на Вардар да создаде мега-клуб.

Червар упати признание и на противничките навивачи за кои рече дека знаат да направат одлична атмосфера и ги повика на дербито тоа да го докажат преку спортско навивање.

Предводникот на Металург ги потенцира проблемите со повредените играчи, но како што рече, тоа не смее да биде алиби за евентуален неуспех.

- Верувам дека со поддршката на нашите навивачи кои иако се помалубројни од вардаровите, тие се лојални на клубот и нивното срце чука за нашиот клуб, може да се дојде до позитивен резултат. Играчите сите недостатоци ќе мора да ги надополнат со голема борба, уште поголема тактичка дисциплина, со пожртвуваност за секоја топка, рече Червар.

Од свое име и од името на сите играчи на Металург левото крило Дејан Манасков вети голема борба, и како што рече, подготвени се да го остават срцето на терен, а на крајот да победи подобриот.

По четири одиграни кола во елитното натпреварување Металург е втор на табелата во Ц групата со три победи и еден пораз, додека Вардар е трет со една победа, две нерешени и една загубена средба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...