За престиж, за историја, за Македонија

Некогаш се играше за превласт во Скопје, за доминацијата во Македонија, за радост само на „комитите“ или на „пиратите“. Но, секоја нова сезона, секој натпрвар, секоја капка пот на паркетот ги воздигнаа Вардар и Металург во посебно поглавје во нашиот спорт. Ова не е веќе само пресметка меѓу црвено-црните од Кале и клубот од Автокоманда, ова е значаен паметник на спортската историја во Македонија. Ниту еден спорт во земјава не дочекал и тешко дека во блиска иднина ќе доживее зрелост од такви размери, да спои два домашни тима на терен со европска подлога. Вечерва „комитите“ и „пиратите“ се дел од актерите, а навивачи се сите Македонци. Играат Металург и Вардар – гледа цела Европа.

Во англискиот јазик постои термин кој гласи „bragging rights“, право за фалење. Е токму тоа ќе биде мотивот на најголемиот спектакл што некогаш го понудиле лутите соперници. Ќе играат за престиж, за правото на фалење, за задоволството кое единствено го нуди покорувањето на големиот ривал. Тука е резултатот, секако. Ова се натпревари што ќе ја кројат распределбата на местата што водат во осминафинале и може да добијат на тежина таму некаде, на пролет, кога ќе калкулираме за осминафиналната ждрепка.

„За кого си, за Металург или за Вардар?“, Македонија, конечно, се подели по убава основа. Навивачите се подготвени, неутралните типуваат, некои заговараат спогодбен резултат, а ракометарите мирно исчекуваат. Ова е уште едно дерби. За некои прво, за некои веќе двоцифрено, но за сите посебно. Се согласуваат дека Вардар и Металург заслужуваат вакво внимание, но им се разидуваат желбите. Металург посакува да ја потврди својата европска репутација. Вардар е можеби најтрофејниот македонски тим, но во Европа Металург е првиот амбасадор. Актуелниот првак, пак, имаше три години да собира мотиви за докажување.

Откако ја освои титулата состави уште посилен тим и со секој нов натпревар покажува дека е посилен и дека патот кој го трасира води кон врвот на континентов. Металург се потпира на инстинктот на Станиќ, на мудроста на Червар, на полетноста на Манасков и Георгиевски и на убиственоста на Вугринец и Мојсовски. Вардар смета на разновидноста, на класата на Дибиров, на експлозивноста на Душебаев, на силата на Чипурин и Стоилов. И двете екипи влегуваат ранети. Сините се без Миркуловски и Никола Марковски, црвено-црните подголтнуваат за Ангелов. На крај ќе победат нијанси, се согласија сите. Нам ни е важно, пред сè, да победи цивилизираноста, коректноста и спортскиот дух. Никому нема да му е до бодови, ако Европа не памети по црнила. Скопје веќе се етаблираше како „тајната престолнина на европскиот ракомет“. Нека остане така и по вечерната војна на страстите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...