Вардар подобар во историското дерби од Лигата на шампионите

Историскиот натпревар од Лигата на шампионите каде првпат две ракометни екипи од ист град имаа пресметка во елитното натпреварување, вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, Вардар го совлада Металург со 27:22.

Со овој триумф македонскиот шампион Вардар се изедначи со Металург по бројот на бодовите и се наоѓа веднаш зад Барселона, која е лидер на табелата.

Вардар подобро го отвори натпреварот и по 10 минути игра имаше четири голови предност (6:2), а веќе во 20. минута резултатот беше 10:5. „Црвено-црните“ играа цврста одбрана, додека во нападот предводени од Тимур Дибиров и Игор Карачиќ му задаваа многу проблеми на противникот.

Металург се обидуваше да фати резултатски приклучок, најчесто се закануваше преку Павел Атман, кој без поддршка од соиграчите успеа само да ја одржи негативата и да не дозволи тимот од Автокоманда да има и полош резултат на полувремето кое заврши 14:9 за вардарци.

Гол за гол се играше од почетокот на вториот дел. Условно, домаќинот на оваа средба пропушти неколку шанси резултатски да се доближи, а водството на Варадар во 47. минута изнесуваше 20:14.

Последниот обид Металург да се спаси од пораз го имаше во периодот од 53 до 57 минута, кога намали на минус три (19:22), но тоа е се што направи.

Најефикасни во победничкиот состав беа Тимур Дибиров со 9 и Игор Карачиќ со 7 голови. Кај Металург се истакна Павел Атман кој постигна 7 голови.

Двете македонски екипи по 10 дена ќе одиграат уште еден дуел во Лигата на шампионите. Тогаш (24 ноември) во 6.коло улогата на домаќин ќе ја има Вардар.

На првиот денешен натпревар од петтата рунда одигран во Минск, Барселона со 35:25 го совлада Динамо. Кирил Лазаров му даде седум погодоци на белорускиот претставник и беше втор стрелец во Барселона, зад Сергеј Рутенка кој постигна осум голови.



Табела група Ц:

1. Барселона 9 бодови

2. Вардар 6

3. Металург 6

4. Динамо Минск 4

5. ПСЖ 3 (натпревар помалку)

6. Тун 0 (натпревар помалку).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...