Вардар Про успеа да триумфира над градскиот ривал, Металург во петтото коло од Лигата на шампионите со резултат 27-22. По победата Вардар успеа да се изедначи со тимот од Автокоманда по освоени бодови, и да се се искачи на втората позиција во групата Ц од најсилното европско натпреварување во ракомет.
Најефикасен играч во тимот на Вардар беше Тимур Дибиров со постигнати 9 гола, а кај Металург се истакна Павел Атман со 7 гола.
Двете екипи следната недела (24 ноември) ќе одиграат уште еден натпревар во кој Вардар ќе биде официјалниот домаќин, но до тогаш погледнете го финишот од натпреварот во салата Борис Трајковски.