Македонија со сите расположливи сили ќе се патува на ЕП во Данска

Сите деветнаесетмина ракометари кои ги одработуваат завршните подготовки на македонската репрезентација ќе патуваат за Данска на Европското првенство кое започнува во недела на 12 јануари.

Директорот на репрезентацијата Стевче Алушовски потврди дека сите ракометари се во тренажен процес, вклучително и Дејан Пецаковски кој на почетокот на подготовките во Порторож се здоби со повреда на коленото.

- Имаме на располагање 19 ракометари. Попладнево сите се на тренинг. Засега планот е сите да патуваат за Данска, а таму селекторот Ивица Обрван ќе реши кои шеснаесетмина ќе играат во првата фаза, изјави Алушовски за МИА.

По се што ни се случи, додаде тој, принудени сме на ваква одлука, а се надеваме дека до почетокот на првенството во недела против домаќинот Данска сите ракометари ќе бидат максимално подготвени.

Постои и можност селекторот Обрван за првиот натпревар да пријави 15 ракометари, а дополнително да се реши кој ќе биде 16-тиот. Од оние девентаесетмина кои Обрван ги има на располагање извесно е дека Немања Прибак поради пропозициите нема да може да настапи во првата фаза.

- Во втората фаза може да направиме две измени, доколку селекторот Обрван оцени дека тоа потребно, а дај Боже да стигнеме и до последната трета фаза, тогаш имаме право на една замена, дополнува Алушовски.

Македонските ракометни репрезентативци до петок ќе ги финализираат подготовките, а во сабота заминуваат за Хернинг каде во недела од 20 часот и 30 минути против домаќинот и актуелен европски шампион Данска ќе го одиграат првиот натпревар на ЕП.

Дуелите против Чешка и Австрија ќе се играат на 14 и 16 јануари во терминот од 18 часот и 15 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...