Груевски со поддршка за ракометарите

Премиерот Никола Груевски денеска ја посети националната ракометна репрезентација на Македонија на тренингот во Спортско рекреативниот центар „Кале“, на неколку дена пред заминувањето на Европското првенство во Данска.

Посакувајќи им среќа на претстојното Европско првенство, Груевски изрази убедување дека ракометарите ќе дадат максимум од себе.

- Ние ќе бидеме со вас со вашите мисли и срца. Секогаш не зависи од вас, и среќата има големо влијание. Да го дадете максимумот од себе. Она што го очекуваме и убеден сум дека ќе го направите е да дадете максимум, рече Груевски.

Капитенот на машката ракометна репрезентација Кире Лазаров рече дека се подготвени физички и оти привршуваат со тактичкиот дел, изразувајќи надеж дека подготвено ќе го дочекаат Европското првенство.

- Имаме драгоцено искуство играјќи на големи шампионати. Се подготвувавме 15-20 дена што е доволно време за национална селекција да се подготви за големо натпреварување.  Знеме дека целата македонска јавност очекува многу, ние ќе го дадеме нашиот максимум, изјави Лазаров.

Со наближувањето на првенството, тој истакна дека репрезентацијата ја зафаќа позитивна трема, што според него е добро. - Значи веќе сме внатре и го чувствуваме предизвикот што не очекува. Не очекува трето големо натпреварување по ред на оваа генерација, нагласи Лазаров.

Освоеното петто место од последното Европско првенство, како што додаде, треба да биде мотив за позитивно да се надогради тимот.

- Да се надминеме себеси дали тоа ќе биде сега, за година, две или за три, тоа останува да покаже времето. Кај нас постои голема желба, страст за натпреварување со големи противници. Клупскиот ракомет и репрезентативниот не се исти. Играјќи за репрезентативниот дрес, чувствувајќи го дресот, тој те носи напред, без разлика дали пред себе имаш противници и репрезентации со поголема традиција и бројност, подвлече капитенот Лазаров.

Македонските ракометари ќе играат во група со последниот шампион и домаќин, Данска, со кој и ќе се отвори првенството во недела. Во вторник игра против Чешка, а во четврток против Австрија.

Капитенот Лазаров смета дека може, како што вели, да се носат со овие селекции и оти има играчи кои последните две-три години играат во ракометната лига на шампионите каде се здобиваат со искуство.

- Сигурно дека ќе имаат мотив и ќе направат се да не победат, мислам дека можеме и ќе се носиме со тие селекции. Квалитетот помалку или повеќе е тука некаде. Со Данска ние секогаш сме излегувале како губитници, но Данска никогаш не нема победено лесно, треба да го искорситиме тој момент, тие ќе играат пред 15 илјади свои навивачи. Ќе сакаат како поединци да се истакнат, ќе имаат голем товар и притисок. Ние ќе пробаме да играме смирено, тактички добро и дисциплинирано и доколку ни се укаже можност ќе ја искористиме. Да не ветуваме премногу да го дадеме максимумот, да пробаме да го направиме овој народ што не поддржува подолго време среќен. Тоа е наша обврска и ветувам дека ќе го дадеме максимумот, нагласи Лазаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...