Ќе сакаат одмазда, но знаеме како треба

„Чешка ја испративме дома по прва рунда во Србија, Австрија ја елиминиравме во квалификациите за СП. Ќе бидат екстра мотивирани против нас и ние за тоа сме свесни“ - Ванчо Димовски

Крај на подготовките денеска ќе означи селекторот Ивица Обрван, попладнево ракометниот тим ќе ја одржи прес-конференцијата пред заминување, а утре на пладне тимот веќе ќе треба да биде „слетан“ на аеродромот во Билунд. По тоа заминува на 60-тина километри пат до финалната дестинација Хернинг, каде што во следните седум, се надеваме најмалку 14 дена, ќе биде дел од Европското првенство.

Турбулентен период е зад репрезентацијата, период во кој не само што се темпираше формата туку и се формираше нов тим, нова игра на надворешната линија. Нешто различно од тоа што досега се играло со оглед на тоа дека во тимот го немаме Наумче Мојсоски, а го нема ниту Филип Лазаров, кој од 2009 па наваму има стандардно место во репрезентацијата.

На трите подготвителни натпревари Обрван имаше можност да испробува комбинации и варијанти со кои треба да го надополни отсуството на двата бека. Дополнителен проблем за хрватскиот стратег беше што Дејан Пецаковски во кого полагаше голема надеж, не можеше максимално да се вклучи во тренажниот процес поради проблем со коленото. Ги видовме Јоновски, Ангеловски и Стојчевски како ротираат на таа позиција, барем во првиот круг така ќе биде и во Хернинг. По тоа ќе биде полесно за Обрван затоа што Прибак ќе добие зелено светло за настап. Но, за да дојде моментот да заигра Немања Прибак, прво ќе треба да се мине пеколот на прелиминарниот дел.

Пивотменското дуо Димовски - Стоилов добива многу поважна улога на овој шампионат од претходните, зборуваме условно. Во отсуство на Мојсоски и Лазаров, злато ќе вредат нивните блокови на шестерецот за офанзивните бекови да можат да ја пробијат непријателската одбранбена линија. А кога ги споменуваме играчите од линијата, да потсетиме дека своевремено Звонко Шундовски имаше ефикасна комбинација со двајцата пикери во игра и тоа на бараж-двомечот со Австрија. Не можеа да се носат тогаш Австријците со таа комбинација. Губевме на брзина при враќање пред својот гол, но двата тешки пикери во нападот ја разнесуваа нивната зона. Ако Обрван се одлучи во еден период одново да го игра истото, ќе имаме можност да видиме дали научиле во меѓувреме како да играат одбрана во таква ситуација.

„И на двете репрезентации што ни се директни ривали за пласман во втора рунда сме им должници. Не ја сметам овде Данска, која е на хартија е фаворит. Чешка ја испративме дома по прва рунда во Србија, Австрија ја елиминиравме во квалификациите за СП. Ќе бидат екстра мотивирани против нас и ние за тоа сме свесни“, вели Ванчо Димовски.

- Не толку одамна навидум лесно ја „испрашивме“ Австрија, иако тоа не беше којзнае колку добар период за македонскиот тим со оглед на тоа дека селекторот веќе беше готов да „падне“, а тоа со себе носеше свое.

„Ние на тој дуел отидовме од позиција на сила и полни со самодоверба. Тоа беше веднаш по ЕП Србија, по квалификациите за ОИ во Гетеборг. Тоа беше шанса што не смееше да се пропушти и ние тогаш го остваривме планираното. Сега е малку поинаку. Без Мојсоски, поинаков тим сме, тие се поинакви и очекувам да биде многу потешко“, изјави репрезентативниот пикер.

„Но, да не се навраќаме премногу на тоа. Ги одработевме подготовките, со пехови, поголеми и помали. Останавме тие што сме и нема назад. Ако ги тргнеме настрана повредите, мислам дека одработевме добри подготовки и видовме кои сме и каде сме. Немавме многу среќа на натпреварот со Србија, да беше малку повеќе на наша страна среќата, можеби и на таа средба ќе беше поинаков резултатот. Се надевам дека тоа ќе се врати на првенството. Видовме што ни недостига на тој меч, имавме неколку тренинга коригираме. Нè чека тежок турнир. На оваа генерација ова и четврто големо натпреварување. На претходните три ја минувавме прелиминарната фаза. Се надевам дека и сега ќе биде така. Но, до тоа можеме единствено ако сме максимално борбени можеме да очекуваме успех. Данска е фаворит, но не ја гледам таа средба како меч на кој треба да загубиме. Треба да излеземе чисти пред себе, да се бориме најдобро што знаеме и да бидеме подобри отколку што бевме на мечот со Србија во Скопје. Така ќе можеме да бидеме рамноправни, а по тоа ќе видиме“, изјави Димовски.

Македонскиот тим првиот натпревар ќе го игра пред преполната „Јуске Бокс“ (15.000 капацитет), а противник ќе биде домашната репрезентација, бранителот на трофејот или најголемиот фаворит за златото - Данска предводена од ракометната ѕвезда број еден во светот - Микел Хансен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...