Мечот со Чешка е на „живот или смрт“

Уморот и поразот од Данска се архивирани. Сите мисли сега се насочени кон денешниот меч со Чешка. Со победа обезбедуваме пласман во главната рунда

Како и пред две години во Ниш, Македонија вечерва пласман во главната рунда ќе се обиде да обезбеди на дуел со селекцијата на Чешка. По првиот ден, Филип Јиха и неговите соиграчи беа најголемото разочарување и сите во нашиот табор се надеваат дека тоа не бил само лош ден на чешкиот тим.

Математиката сега вели дека со победа пласман во главната рунда ќе биде обезбеден. Но, дури и да загубиме со разлика помала од девет гола, со победа над Австрија одново би биле пласирани во следната рунда. И тоа со два бода на салдото. Никому во тимот не му е до калкулации од тој тип, посакуваат сигурен пласман во главната рунда, а по тоа со Австрија борба за двата бода од главниот дел.

Македонската новинарска екипа и РФМ ја продолжија практиката воспоставена на мундијалот во Шпанија, па така секојдневно ќе бидат организирани брифизни со репрезентацијата на кои малку порелаксирано ќе се анализираат и коментираат настаните од шампионатот. Хендикеп секако е што за таков разговор дневно ќе се патува околу 100 километри.

Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Ванчо Димовски и селекторот Ивица Обрван се соговорниците од првата таква средба во Данска. Сè уште под импресии од мечот со Данска се обидоа да погледнат и кон мечот со Чешка.

„Поразот од Данска некако беше вкалкулиран и не треба премногу значење да му се даде. Можевме да бидеме многу подобри, да потрошиме многу повеќе сила и пак ќе загубевме. Сакам да ја погледнам снимката, секој да се види сам себе како играл и како изгледало тоа. Резултатски минавме полошо отколку што реално мислам. Алиби не барам, но имаше влијание патот и тоа што се случуваше пред заминувањето. Ќе бидеме поподготвени и физички и тактички на следниот натпревар. Се сеќавам многу добро на нашата пресметка пред две години. Имавме големи проблеми во првото полувреме со Чешка, тоа ми е еден од најтешките мечеви во кариерата. Ќе гледаме снимки од оваа Чешка, ќе се подготвиме, но мораме да се потпреме на нас. Ќе мора да се користи просторот, ако некој успее да создаде ситуација, таа треба да се искористи. Ние тоа со Данска не го правевме, пропуштавме шанса по шанса.

Австрија ни направи услуга со тоа што победи со 10 гола разлика, имаме шанса да се пласираме во втората фаза и со една победа и со два бода“, изјави капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.

Селекторот Ивица Обрван очекува македонскиот тим да биде на поинакво ниво на натпреварот со Чешка.

„Ова е меч на живот и смрт и за нас и за чешката репрезентација“, изјави на прес- конференцијата. По една преспиена ноќ ситуацијата е поинаква, важноста на натпреварот останува иста - „прашање на живот“.

Немаме толку време да анализираме за тоа што се случи на натпреварот со Данска, но ќе видиме некои детали и за овие ден-два да се обидеме да се поправиме. Од дуелот на идните противници издвојувам дека Австрија заслужено победи, но 10 разлика кажува за нешто друго, за распад на систем. Сега и нив им гори под петиците и ќе ни биде исклучително тешко. Ќе ги анализираме и Чесите и Австријците и на тие дуели ќе бараме пласман во следната рунда. Со Данска фазата на реализација ни беше слаба. Поразот е заслужен, но можевме подобро.

Ако со Чешка барем во фазата на одбрана одиграме како со Данска, во тој дел би бил задоволен, но нападот мора да се поправи“, изјави селекторот на македонскиот тим.

ВАНЧО ДИМОВСКИ

„Да се игра против европскиот првак на нивни терен, пред 15.000 нивни навивачи и на отворање на првенство се три предуслови за пораз. Радува моментот што освен првите 10 и последните 10 минути од средбата, Македонија беше рамноправна. Сепак, поразот е болен, како и сите други.

„Тоа што се случи вчера е нереално, како за нас така и за нив. Сега имаме меч што нè води во втор круг. Ако одиграме едно ниво подобро, ако се поправи реализацијата, мислам дека ќе биде подобро. Имавме добри моменти во одбрана.

Не изгледавме добро, целото патување нè измори, против Чешка ќе биде поинаку, ќе имаме можност да се истрчаме, освежиме и против Чешка треба да бидеме подобри. Изненаден сум од резултатот на Чешка. Еве се случува во второто коло повторно со нив да одлучуваме кој ќе оди натаму. Се надевам дека ќе биде како пред две години. Поодморени сме и свесни дека со тој натпревар го решаваме прашањето што ни беше главно. Поголем мотив од тоа не треба да има. Тоа што го одиграа со Австрија и тоа што го играа на подготовките се две различни работи“, изјави Ванчо Димовски.

БОРКО РИСТОВСКИ

Никлас Ландин беше ѕвезда на вечерта, бранеше сè, ги исфрустрира македонските напаѓачи, но на крајната статистика беше само со две одбрани подобар од македонскиот чувар на мрежата. Генерално, македонската одбрана не беше лоша, но против Чешка треба да биде многу подобра.

„Со одредени грешки и мои на одбраната, мислам дека во целина како одбрана функциониравме добро. Се надевам дека на следниот меч со Чешка ќе ги намалиме на минимум и дека тие грешки и ќе останеме на задоволително ниво“, изјави Ристовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...