Прв бод за Македонија на ракометниот евро-шампионат

Македонската ракометна репрезентација вечерва одигра нерешено 24:24 против селекцијата на Чешка во 2.коло од А групата на Европското првенство во Данска. Бодот освоен од овој дуел во зависноcт од резултатите на другите натпревари може да биде и доволен за пласман во следниот круг.

Избраниците на селекторот Ивица Обрван одиграа тежок и исцрпувачки натпревар со многу дуели против корпулентните противнички играчи. По само 12 минути игра имаа постигнато двојно повеќе голови од противникот и поведоа со 6:3. Тогаш следуваше најслабиот период во првиот дел за македонските ракометари. Чесите со серија од 4:0 го преземаа водството и го задржаа до крајот на полувремето кое заврши со 11:10 во нивна полза.

Со двата гола на Лазаров Македонија го врати водството на почетокот на второто полувреме. Следуваше изедначување, но нашиот капитен продолжуваше да ја тресе противничката мрежа. Тој ги постигна првите шест голови за „црвено-жолтите“ во продолжението, а погодокот на Дејан Манасков во 42.минута значеше повторно три позитива (17:14).

Чешка не се предавеше и исто како и во првиот дел со серија од 3:0 резултатски се врати во игра. Во последните 15 минути двете репрезентации се менуваа во водството, а на крајот имаа и по еден напад за победа. Миркуловски не успеа да погоди на 10 секунди пред крајот, а Јиха биеше крај голот во последниот обид за победа.

Во однос на натпреварот со Данска, македонските ракометари значително ги намалија техничките грешки и вечерва направија само 6, но голманот Ристовски немаше своја вечер (5 одбрани), додека процентот на реализација беше многу низок посебно во првите 30 минути.

Во македонскиот состав, а воедно и на натпреварот убедливо прв на листата на стрелците беше Лазаров со 12 постигнати голови, но сепак не доволни за целосен успех.

Кај Чесите најпрецизен беше Павел Хорак со 8 погодоци.

Вечерва од 20 часот и 30 минути во вториот натпревар од 2.коло во оваа група играат Данска и Австрија.

Табела: Австрија 2, Данска 2, Македонија 1, Чешка 1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...