Втора шампионска титула за Вардар во СЕХА лигата

Македонскиот ракометен шампион Вардар во третата сезона од регионалната СЕХА лига, успеа да стигне до втората титула.

„Црвено-црните“ вечерва во финалето на завршниот турнир во Нови Сад го победија белорускиот претставник Мешков Брест со 29:27.

Се покажаа како точни предвидувањата дека Вардар го очекува тежок меч. Мешков Брест 40 минути пружи достоен отпор, а во текот на првото полувреме постојано беше во водство, најчесто со еден гол разлика.

Од 39.минута македонскиот претставник го презема водството (19:18) и од тој момент тргна кон вториот СЕХА триумф. Во 56.минута Вардар ги имаше највисоките плус пет (29:24).

Најефикасен во тимот на Вардар беше Тимур Дибиров со 11 погодоци од 12 обиди, а по четири пати во листата на стрелците се запишаа Игор Карачиќ и Алекс Душебаев.

Кај белорускиот тим се истакнаа Џианис Рутенка со седум и Растко Стојковиќ со шест реализации.

Во предигра на финалето, Загреб КО го победи Татран Прешов со 36:28 и го освои 3.место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...